Литературен КОНКУРС за деца од второ до деветто одделение – „ТИВКО ШУМОЛАТ ЈАВОРИТЕ“

Поетски конкурс за деца, СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ – ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ 2019

Манифестацијата СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ – ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ 2019 во

соработка со „ Просветно дело“ распишува поетски конкурс на тема:

Т И В К О Ш У М О Л А Т Ј А В О Р И Т Е

Право на учество имаат сите ученици од основните училишта во државата, во следните категории:

-ученици од второ и трето одделение

-ученици од четврто и петто одделение

– ученици од шесто до деветто оделение


Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу ПЕТ поетски творби од секоја категорија, кои одделенските и предметните наставници ќе ги изберат како најдобри.

Песните можат да бидат испратени само преку училишниот e-mail или доколку се испраќаат по пошта со задолжителен потпис на директорот или координаторот на детската организација.

Најзначајно е детските песни да се оригинални.
Секое дете има право на учество со само една песна.

Темата на која што треба да пишуваат учениците е инспирирана од творештвото на писателот Видое Подгорец со цел ученицитe да се запознаат со неговото творештво и да се претстават себеси во манирот на големиот поет за деца со целосна слобода во изборот на мотивите (од природата, убавината, слободата, детството, татковината, љубовта, итн.).

Трудовите треба да бидат испратени најдоцна до 23. 05. 2019 година, на следната адреса:sredbipodjavorite@gmail.com

Име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор и e-mail на менторот

Песните испратени од лични мејлови или без потпис од координаторот на детската организација, односно од директорот на училиштето нема да се разгледуваат.

Манифестацијата СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ – ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ 2019 ќе се одржи на повеќе локации во град Струмица и село Колешино на 7 и 8 јуни 2019 година.

Откако жири комисијата ќе го направи изборот, наградените и пофалените ќе бидат известени најдоцна до 31 мај 2019.

Трошоци за сместување за време на манифестацијата се покриени од страна на Манифестацијата СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ – ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ 2019, а патните трошоци за доаѓањето до Струмица, паѓаат на терет на училиштето учесник на манифестацијата.

Песните може да зафаќаат најмногу една страна од А4 формат, пишувани во фонт Times New Roman, со македонска поддршка и големина 12.

Право на учество на фестивалот ќе обезбедат творците на најдобрите 10 детски песни заедно со нивните ментори од сите училишта во државата.

Оние ученици кои освен на македонски јазик сакаат да пишуваат и на другите јазици на кои се изведува настава во нашата држава, задолжително освен на мајчиниот јазик треба да испратат и превод на песната на македонски јазик.
Од избраните песни ќе биде објавен електронски зборник „Тивко шумолат јаворите“, СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ – ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ 2019, кој ќе биде објавен на официјалната fb страница на манифестацијата.

Извор

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.