Времето лета пребрзо или ние стоиме?

Паузираме повторно? Се надевам дека имаш на располагање неколку минутки за да ги поминеш со мене и моите мисли, за да си ја направиш паузата можеби поинтересна или „пошарена“. Ден после традиционалното „празнување“ на скара ден наместо одбележување на меѓународниот ден на трудот и борбата за правата на работниците. Не, според мене со скара покрај река не е начинот на кој треба да се „слави“ овој ден затоа што во минатото било многу поинаку и имало штрајкови токму на тој ден. Нека испаднам хејтер не ми е воопшто важно, но во државава има луѓе за кои не важат никакви празници па наместо да бидат дома со семејствата тие мора да работат токму на значајни празници затоа што така наредил работодавецот и за да си ја заслужиш платата мора слепо да послушаш иако душата ти се кине секогаш кога ќе помислиш дека вечерата е сервирана без тебе покрај нив, а вчера сите тоа како некако да го подзаборавија.

Да се вратам на првобитната замисла, пишав дека „времето лета“, а под тоа мислев конкретно дека веќе почна петтиот месец од годинава и поминало речиси половина година, летото е на прагот, а мене сите месеци ми поминаа додека да трепнам. И не знам дали тоа е лошо или добро.
Знам само дека изминатото време не можеме да го вратиме назад, со ништо и по никоја цена.

Но цената што ја плаќаме за сето изгубено време кога сме можеле да бидеме продуктивни, а не сме биле, мислам дека не е мала и иако можеби не е очигледно од почеток, времето си има свој начин да ни покаже како сме го „користеле“. Се надевам дека вие времето го поминувате во убави активности кои ве исполнуваат.

 Со секоја секунда ние стануваме постари и секојдневно во нас умираат милијарди клетки поради природниот процес на стареење и ние тука ништо не можеме да направиме. Но секако дека можеме да влијаеме на тоа како го поминуваме денот, на какви активности го „трошиме“ времето, како реагираме на работите околу нас,  со кои и какви луѓе ќе бидеме опкружени, дали ќе дозволиме да „денгубиме“ или ќе правиме нешто корисно.

Би рекла дека најважно е да бидеме присутни во сегашниот момент затоа што само врз него „ја имаме целосната контрола“.
Mинатото и иднината се два „поима“ кои се многу важни, но минатото не можеме да го промениме, а на иднината индиректно влијаеме преку сегашното време. Како? Па штом не можеме да го вратиме минатото значи врз него немаме никаква моќ освен да го прифатиме какво што е, да ги согледаме грешките и успесите и да извлечеме поучни лекции. Но, од сегашниот момент зависи каква ќе ни биде иднината. Активностите што ги правиме во овој момент можат да имаат последици после одреден период. И тоа е така, речиси е непобитен факт според мене.

И неправењето ништо ќе резултира со нешто во идното време. Затоа, мудро одлучете што ќе правите „сега“, не брзајте, но не оставајте и времето да си минува залудно, вие ја имате контролата во вашите раце со вашето постоење, сега и во сегашниот миг. Вие сте пилотот, вие управувате со вашиот живот, никој друг не може да го вози „авионот“ поубаво од самите вас.

Времето лето пребрзо, ние и да стоиме сепак во нас се случуваат илјадници процеси за кои сме повеќе или помалку свесни. Додека слушаме музика, уживаме во нотите, текстот ни буди некакви чувства и нè потсетува на нешто, некој или на одреден период од животот. Додека спиеме –  сонуваме, нашиот мозок процесира информации за кои не сме сто процентно сигурни дека ги знаеме во будна состојба. Што ми е поентата со ова? Дека што и да правиме не можеме да го сопреме времето. Признајте, колкупати во себе потајно посакувавте да можете да го сопрете времето на одреден настан, случка или период?

Јас на пример да можев би го стопирала периодот од моето детство. И така никогаш не би го искусила животот на „возрасните“. Но другиот дел од мене се противи на ова и вели дека не е природно. Нормална појава е да ги искусиме сите животни периоди и ако имаме среќа да дочекаме длабока старост. Додека да дојде староста треба да живееме. Да живееме поради животот, да живееме поради љубовта кон себе и убавите моменти, а не да чекаме да дојде нешто за да почнеме да живееме. На пример, да не чекаме први во месецот или понеделник за да почнеме да се храниме здраво или да почнеме со вежбање, да не чекаме да дојде „подобро време“ затоа што ние самите го правиме добро или лошо (повеќе или помалку).

Секој ден е драгоцен дури и ако не се случува ништо значајно и „спектакуларно“ во нашите животи.
Секој миг живееме, но и сме поблиску до смртта.. Да, да. Не звучи ова сурово, ова е чиста вистина. Поентата е да ја избегнуваме смртта што подолго.
Нека течат работите според нивниот природен тек, но нека биде како што вие сакате.

Времето на крај е само една илузија затоа што не знаеме што е време, освен дека физичарите го објаснуваат како едно движење по една линија на истиот начин на кој е изградена вселената. Не можеме да го дефинираме, а сепак игра толку значајна улога во нашите животи!

Колку е часот сега? Токму време за да ставиш насмевка на лице и да помислиш колку си среќен што живееш во сегашноста, а не си заглавен во минатото или загрижен за иднината.

Ти посакувам милијарди и милијарди минути исполнети со убави моменти. До следно!

Advertisements

2 comments

  1. …блог без коментар е како супа без сол, …многу лајкови се само цветчиња, а нема доказ дека навистина некој ја разбрал поентата на блогот…коментар е она вистинското…блогот е прекрасен, …тоа е она што недостасува, …ги следам Вашите наредни чекори, …се обесхрабруваат само оние што имаат лажни идеали и мотиви за пишување…поздрав, и похрабро напред.

    Liked by 1 person

    • Благодарам на поддршката и храбрењето. Вашите коментарии влеваат храброст и ми ставаат до знаење дека некој го цени тоа што го правам.
      Нема да ги изневерам моите читатели, ветувам.
      Продолжете да ме(не) читате.

      Liked by 1 person

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.