Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележува на денешен ден

Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележува денес. Тоа не е случајно, а дали знаете зошто е тоа така?

Денешниот датум 23.4. е симболичен датум за светската литература поради тоа што на овој датум во 1616 год. починале Шекспир и Серванес и Инка Гарсиласо де ла Вега. Овој датум е датум на раѓање или смрт на други истакнати автори, како што се Владимир Набоков, Морис Друон, Халдор К. Лакнес, Јозеп Пла и Мануел Мехиа Ваљехо.

УНЕСКО го означил денешниот ден како Светски ден на книгата и авторското право од почит кон интернационално познатите книги и нивните автори како и нивната поврзаност со денешниот датум, поттикнувајќи ги сите, а особено младите луѓе да негуваат здрави навики и да уживаат во читањето како и да создадат почит кон придонесот на оние кои го унапредуваат социјалниот и културниот напредок на човештвото. Ова и бил природен и очекуван избор на Генералната конференција на УНЕСКО, која се одржала во Париз во 1995 година.

Годинава се случува 24-то издание по ред на прославување на Светскиот ден на книгата кое има за цел да ја прослави литературата и читањето, а главен акцент се става на значењето на мајчините јазици како и нивна заштита.

Нека е среќен светскиот ден на книгата и на авторското право. Од неофицијални извори дознавме дека на денешен ден традиција било да се подаруваат книга и цвеќе, а јас би рекла дека не треба да се чека посебна прилика и повод како денешниот за некому да се подари книга. Подарувајте книга кога вие сакате и кога мислите дека треба.

Да живеат книгите, вечно да се споменуваат авторите кои некогаш твореле и после нив оставиле вредни дела со непроценливо богатство и нека се успешни и поздрав до сите автори кои творат во наше време. Авторите, писателите (поетите) се столб на културата во денешно време.
Треба да се покаже поголема почит кон нив затоа што нивното место во општеството игра значајна улога!

Линк кој води до нашата претходна објава: Среќен светски ден на книгата.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.