Мојот живот

Гордоста моја со инает се бори,

не знаев дека животот,

ко силен камен ќе ме створи.

Ми велеа само: – Продолжи да твориш,

за тоа како лицето ти се смее,

а внатре, во душата гориш.

Еве ќе почнам сега вака,

откако моите родители престанаа

да се држат за рака.

Мама и тато разделени се тие,

а окото мое скришум солза лие.

Ги мразам сите, се смеат на мене,

зошто тие имаат двајца,

а јас еден родител покрај себе.

И кога помислив, помина сè,

со првата љубов се сруши мојот свет.

Можеби љубовта е една голема лага,

колку повеќе сакаш,

телото и душата ти губат снага.

Но, зошто тогаш сè уште мислам      

на неговите образи румени,                                          

прегратките силни и розите црвени.                                 

Потоа и дедо наеднаш го снема                                     

и него Господ на небо го зема.

Но животот ме научи како да се борам,

Глава да кренам и гордо да стојам.

Автор:
Лорета Ташевска VII одд.
ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица
Ментор: Даниела Пејева Митева

                              

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.