Родители

Единствени се тие,

Погледни во себе, ќе ги препознаеш!

Погледни наоколу, ти насекаде ќе чуеш!

Распрашај се добро, па сам донеси заклучок

Кој е препознатлив по својата огромна љубов и грижа?

Подготвен да те ислуша во секое време,

За трнливиот пат што го крои твоето бреме.

Оној што те створил и родил на овој бел свет,

Оној што те пораснал и изгледал од мали нозе,

Што направил од пупка, цвет да бидеш

Што претворил зрно во вистински човек

Што превртел сè, и целиот свет од туѓ направил да е наш,

Епа најмили мои кој ако не единствено РОДИТЕЛОТ ваш!

Гледај, пораснавме а кога би поминаа

годините на она безгрижно детство,

Времето на игранките, барбиките, играчките

Времето кога сè што лета се јадеше

Времето на оној розов свет.

Единствени биле тие сведоци неми

Што тивко го слушале секој наш плач,

Трпеливо не заспивале, шетале и хранеле

Со глава исправена гордо што води

За најблескавата ѕвезда што таа ноќ му ја роди.

Девојче или момче за нив е исто

На секого неизмерна љубов пружат

Како своја секојдневна терапија

Делуваат нивните најмали глави

Па со нив се горди, на нивните дела и слави.

Храбри, достоинствени и мудри

Целиот живот од сон – реалност ти го прават

Живеат за тебе, со полн дух и енергија

Спремни, среќни и задоволни за секој твој нов резултат .

Почитувај ги повеќе, за тие дупло да ти вратат

Не ја кријај вистината, па макар и да ја изопачиш,

Биди искрен и дозволи тие да ја имаат твојата верба

Само така ќе го достигнеш најзрелото јаболко во следната берба.

Животот е краток, но за многумина и сладок

Помагајте им колку што ве држи снагата ваша

Тие стареат, ние се размладуваме и се така по ред

За да не се каете кога веќе ќе се на другиот свет.

Може секој да те порасни и изгледа, но не и

Да те нахрани и одгледува

Да те чува и обезбедува

Да бдее и да плаче

Да се смее и да се радува

Да те пофали и одбрани

Да те оправда и помогни

Да те сака и посакува.

Не ќе се родат такви како вас повторно

Бог ве создал, за мене да ме створите

И на овој свет заедно да живееме

Па едни со други да си се бодриме!

Господар на целото семејство – таткото

Господар на кујната и домот – мајката

Градителите на љубовта и мирот

Со срце што силно за чедата бие

Па и лице што солза две од очите ти лие.

Бакнувајте ги, сакајте ги, гушкајте ги

За нив и тоа е доволно

Подарок најдрагоцен сте му вие

Тоа е очигледно и некој да сака да го сокрие.

Од роднини и пријатели ти можеш да добиеш сè

Но, тоа и не е толку вредно за крајната цел

Колку што ќе може да ти ја облагороди душата и да те стопли

нивниот бакнеж силен и врел!

Автор:
Елена Ангелеска

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.