Денес е меѓународен ден на литературата за деца

Се сеќавате како мали кога ви читаа или раскажуваа приказни? За да го прават тоа вашите родители, баби и дедовци морале да прочитаат прво и тие самите или ним некој да им раскажувал претходно. Детската литература иако е наменета за деца таа е подеднакво забавна и за возрасните затоа што речиси во секоја книга за деца се кријат разни мудрости кои сме ги подзаборавиле, па не би било лошо да се потсетиме на нив повторно.

Се сеќавате на вашите први лектири во училиште? Како на пример: „Касни-порасни“, „Хајди“, „Двојната лота“, „Доктор Офболи“, „Волшебното самарче“, „Робинзон Крусо“, „Орхан“, „Белото циганче“, „Бела грива“, „Втора смена“, „Вујко Вања“, „Грдото пајче“, „Гуливеровите патувања“ и многу други.

Денес се одбележува меѓународниот ден на литературата за деца. За да го одбележите и вие купете им на вашите деца или внуци некоја детска книга и пренесете им ја љубовта кон книгата. Нека се заљубат во страниците, затоа изберете некој интересен наслов кој ќе им го привлече вниманието и ќе посакаат да читаат уште повеќе. Додека на оние најмалите кои уште не знаат да читаат, земете и прочитајте им или раскажете им некоја приказна додека ги држи вниманието. Нека прерасне тоа во навика, на пример правете го тоа секогаш пред да заспијат, па доколку им се допаѓа и самите ќе бараат да им читате.

Децата од мали нозе се учат на здрави навики, па нека биде нивна навика читањето книги. Верувајте, кога тие ќе пораснат ќе ви бидат благодарни за тоа што сте им помогнале да го засакаат читањето.

Дете со книга


Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.