Те сакам мајко!

Мајка и дете

Илјадници ножеви, како сабји големи, од лоши раце пробиени. Солзи како море, крв..како ли не ми ги наполни овие очи што години биле слепи. Бразди на рацете, испукнатини на петиците. Години долги молк те совладал. Каде ли гледале овие очи мои? Израснав мајко. Не, нее! Болката твоја ќе ме проколни. Ти ме израсна! Дај ми ги рацете да ти ги бакнувам, да ти ги лечам раните длабоки. Малку е, ништо не е..мала трошка е. Малку е и снагава да ти ја пружам, на нејзе да газиш. Малку е и годиниве мои да ти ги дадам, младоста да можам да ти ја вратам. Погледни ме мајко со тие очи, умор што сакаат да скријат. Зошто те прашувам, зошто? “Мајка сум, да имаш деца ама прво човек, па мајка да бидиш“, ми велиш. Благодарам мајко, што си ми мајка. Благодарам мајко за храната подготвена од твоите топли раце. Извини. Извини мајко за солзите пролеани поради мене, извини за ноќите непреспани благодарение на мене. Извини за навредите. Извини што не сакав да те слушам. Малку е, и ова извини малку е. Не знам какво е чувството да си мајка, не можам да ти ветам дека ќе бидам како тебе, признавам. Велат голема е љубовта мајчинска. Не можат да бидат мајки тие што имаат камен наместо срце.Од тебе научив,од твојава изморена снага научив.Кажи ми доста,кажи готово, кажи дека си уморна.. не можеш, нели? Огромна е човечноста во тебе за да го направиш тоа! Те сакам, како човек, како другарка, како најдобар пријател. Те сакам мајко.

Ертинез Реџеп

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.