Шест години блогирање!

Шест години блогирање, шест години исполнети со активности поврзани со пишување. Зад нас иаме организирано еден успешен конкурс за најдобар краток расказ, дарување на книги, над 900 постови (објави), над 70 илјади прегледи од почетокот до денес, над 36 илјади посетители, над 200 коментари и посети од над 20 држави од цел свет. Не блогираме поради бројки, бројките не се ништо во споредба со љубовта што ја вложуваме во сè што правиме.

Сè што правиме сакаме да биде оригинално, но и да предизвика емоции кај читателите. Вашето посветено читано нѝ влева надеж дека сепак постојат луѓе и читатели кои го ценат и почитуваат пишаниот збор. Оваа година сакаме да Ве повикаме и поттикнеме да нѝ помогнете за заедно да го ПРОШИРИМЕ и рашириме пишаниот збор. Сакаме да нѝ помогнете блогот да допре до секој читател кој вистински е љубител на читањето и на она што ние го правиме.

Не бидете себични и повеќе споделувајте нè, само така ќе го прошириме убавиот пишан збор. Без вашата поддршка ние би пишувале само за себе. Но тоа што активно се вклучувате нам нѝ говори дека имаме ОДГОВОРНОСТ пред вас, да бидеме подобри, попрецизни, пооригинални, полни со новитети и интересни содржини кои ќе го задржат вашето драгоцено внимание.
Исто така, нѝ дава до знаење дека пишувањето е обостран процес – ние пишуваме, а вие одговарате (реагирате) на напишаното на повеќе начини.

Од името на целиот (мал) тим и од мое име, сакаме да Ви се заблагодариме за тоа што „патувавте“ со нас сите овие изминати години! Фала на поддршката, коментарите, учеството во конкурсот, лајковите, споделувањата, учеството во наградните игри (дарувањата), фала што нè читате и сте наша верна читателска публика!

Нека е среќна шестката, се надеваме ќе го продолжиме заедничкото патување и во следните години заедно со вас! Среќен роденден на блогот.

Годишнина

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.