Моќни пораки до ТЕБЕ

ТИ благодарам што ја разбуди љубопитноста во тебе и почна да ги читаш поракиве кои ти ги упатувам. НЕ ЗАБОРАВАЈ да ги видиш и останатите содржини покрај овие пораки. Доколку првпат се среќаваш со нашиот блог – добредојде!
Се надевам дека ќе нè посетуваш почесто. Нѝ значи твојата посета и поддршка преку нашите социјални мрежи.

Да се вратам сега на главната цел: сакам да ти (ви) испратам неколку моќни пораки кои мора да те (ве) мотивираат затоа што сум убедена дека е потребно да се мотивираме меѓусебно и да застанеме за миг за да се запрашаме што е она што нè придвижува и што нè мотивира во животот?

Ќе се обраќам во еднина иако пораките се однесуваат НА СИТЕ (ама баш сите) ѝ што ќе ги прочитаат. Ви препорачувам да си ги запишете некаде каде ќе можете да ги гледате секојдневно. Доколку ги применувате, сигурно ќе ви го променат начинот на размислување, ако не и целиот ваш живот.

  • Ти вредиш и твојот живот е вреден.
  • САКАЈ го животот, затоа што ЖИВОТОТ ТЕ САКА.
  • Благодарен биди за секој НОВ ДЕН и биди среќен што уште си тука.
  • Твоето постоење е со ПРИЧИНА.
  • Твоите мисли се огледало на она што ти се случува.
  • Сите грешат. Од секоја грешка СЕ УЧИ некаква лекција.
  • Лицето е одраз на она што се случува внатре.
  • Хидрирај го телото, кожата ќе ти биде благодарна.
  • Не биди строг кон себе. Немој да бидеш свој најлош непријател.
  • Грижата за менталното ЗДРАВЈЕ е подеднакво ВАЖНА како и за физичкото.
  • Негувај го ДУХОТ секојдневно. Постојат повеќе начини за тоа.
  • Не ги на(по)вредувај другите. Не го прави она што не сакаш да ти го прават.
  • Имај ПОЧИТ кон секое живо суштество. Овде се вклучуваат и животните.
  • Почитувај се СЕБЕСИ, но не биди претерано горделив.
  • Дарувај од срце, колку можеш и не барај за возврат. Доброто се враќа дупло.
  • Сакај ги родителите додека се покрај тебе. Вечно нема да ги гледаш.
  • Биди СМИРЕН и во хармонија со себе. Слушај го внатрешниот ГЛАС.
  • Трпеливоста нека ти биде СИЛНА страна. Тренирај ја и зголемувај ја.
  • Тестирај си ги и слабите и јаките страни. Натпреварувај се само со СЕБЕ.
  • Самиот ТИ, си најголем ПРОТИВНИК на себеси. Биди подобар од вчера.
  • Кога ти е тешко – ПЕЈ или ТАНЦУВАЈ. Ако не можеш тоа да го правиш само слушај ја музиката. Верувај во нејзината исцелителна МОЌ.
  • Читај повеќе. Верувај во моќта на пишаниот збор.
  • Верувај во себе и не се плаши од неуспех.
  • После секое паѓање – стани. Важно е да не се откажеш никогаш, макар паднал и илјада пати – илјада пати стани.
  • Биди сам со своите мисли барем половина час во денот. Уште поубаво ако има каде да ги запишеш – запиши ги. Нека излезат од тебе – ослободувачки е.
  • Зборовите можат да бидат ЛЕК или ОТРОВ. Но само од тебе зависи дали ќе им дозволиш да ВЛИЈААТ врз тебе. Или ќе те лекуваат или ќе те отрујат.
  • Стои цврсто на земја и твоите чекори нека се во согласност со твоето темпо.
  • Слушни го твоето СРЦЕ во важен момент. Некогаш тоа е многу помудро од разумот.
  • Не смислувај ЛАГИ ако сакаш да добиеш/постигнеш нешто. Вистината ослободува.
  • Не се плаши да побараш ПОМОШ. Никој не е совршен во сè.
  • Не се плаши од НИШТО, освен од своите МИСЛИ. Тие можат да бидат тивки убијци.
  • Простувај и не се плаши да побараш прошка. Тие што простуваат спијат помирно.
  • Среќата ќе дојде кога ќе се прифатиш себеси каков што си.
  • Несреќата е само една кратка состојба која мора да помине.
  • Не чувствувај ВИНА. Збогувај се со минатото и прегрни ја ИДНИНАТА.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.