Мудра поучна приказна: Зошто луѓето враќаат со зло на доброто?

Им се случува на сите. Луѓето едноставно ги затвораат очите на добрите намери. Го прекоруваат секој искрен труд кој го правиме за да помогнеме некому. Зошто тоа се случува? Оваа мудра приказна го има одговорот.

Некогаш одамна, млада девојка со солзи тропнала на вратата на стариот мудрец и му ја раскажала нејзината приказна.

„Не знам како да продолжам со својот живот“… – со треперлив глас му рекла. „Целиот живот се однесував со луѓето онака како што би сакла тие да се однесуваат со мене. Бев искрена, им го отворив срцето, секого го викнав внатре… Секогаш кога можев се обидував да им правам добро на сите, не очекував ништо за возврат, им помагав со тоа што го имав. Сите ме исмејуваа. Ме повредуваа до коска…ме вреѓаа…едноставно сум уморна. Те молам, кажи ми…што можам да направам?“

Мудрецот трпеливо слушал, и ѝ дал совет:

-Соблечи ја облеката и прошетај по улица целосно гола – мирно ѝ рекол мудрецот.

-Извини, но толку ниско не сум паднала. Веројатно сте лути или се шегувате! Ако го направам тоа, можам да очекувам сè. Сите ќе ми се смејат, тоа ќе биде осудено од Бога….“

Мудрецот одеднаш станал, ја отворил вратата и ставил огледало на столот.

– Срам ти е да прошеташ гола, но поради некоја причина не ти е срам да ја соголиш својата душа пред целиот свет. Ја чуваш отворена како оваа врата. Го пушташ секого да влезе. Твојата душа е огледало, затоа можеме да ја видиме нашата рефлексија во другите луѓе. Нивните души се злобни, баш како и грдата слика што ја гледаат кога ќе ја погледнат твојата чиста душа. Тие немаат ни сила ни храброст да признаат дека си подобра од нив, и тие се оние кои би требало да се променат.“

– Што би требало да направам? Како можам да ја променам оваа ситуација во која се наоѓам, кога ништо во суштина не зависи од мене?“ – прашала преубавата девојка

– Дојди со мене, имам нешто да ти покажам… Види, ова е мојата градина. Ја полевав и се грижев за овие прекрасни цвеќиња веќе со години. Да бидам искрен, никогаш не посведочив кога процветуваат. Сè што гледам се овие прекрасни цветови, и нивната магична убавина и мирис.“

„Драго дете, учи од природата. Види го ова преубаво цвеќе и направи како што прави тоа – внимателно отворај го срцето на другите, така да никој и не забележи. Отвори ја својата душа само на добри луѓе. Тргни се од оние кои те газат. Тревата не ти е дури ни до колена, така да не се обидувај да им помогнеш. Сè што ќе видат некогаш во тебе само се рефлексии.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.