Дали вистинското семејство е среќно семејство? – Рецензија на „Вистинско семејство“ од Тони Парсонс

Толстој напишал: „Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“.

Кои услови треба да бидат задоволени за едно семејство да се нарече среќно? Дали членовите треба да се почитуваат меѓусебно и да владее совршена хармонија или треба нешто повеќе? Во „Вистинско семејство“ претставена е суровата природа на животот и колку всушност може да биде животот различен од тоа каков што требало да биде. Суровата страна на една мајка која смета дека децата се промаршување и дека се пречка во создавање и одржување на кариера ги доведува трите сестри во една нераскинлива врска која најстарата од нив ја создава уште во своите рани години кога ја игра улогата на „мајка“ и се грижи за двете сестри. Таткото кој е постојано зафатен со работа речиси и да нема време за да им посвети внимание на своите ќерки, но тоа не значи дека не ги сака и дека не се грижи за нив. Сепак, тој бил оној кој им дал покрив над глава и тој е оној кој е оставен од својата сопруга, а кој никогаш не се откажал од своите деца и покрај огромните професионални обврски.

Трите сестри кои научиле сами да се грижат за себе прераснуваат во вистински жени кои треба да формираат свои семејства. Дали ќе бидат добри мајки? Дали ќе имаат вистински семејства? Дали ќе бидат среќни во своето ново семејство? Дали ќе имаат семејство какво што никогаш немале? Кои се вистинските семејни вредности кои ги научиле по потешкиот пат?

Кога едната од нив затруднува со момче помладо од неа кое е тотален странец се наоѓа пред тешка одлука: дали да го продолжи стажирањето и да се посвети целосно на кариерата абортирајќи го плодот што расте во неа или да го задржи и да ги балансира работата и грижата за бебето. Додека другата која е веќе во брак очајно посакува да зачне, но се соочува со тешкотии, но има најголема поддршка од сопругот кој ѝ ветува дека ќе ја сака секаква, дека ништо не може да ја смени љубовта што тој ја чувствува кон неа без оглед на тоа дали ќе имаат дете или не. Но дали неговиот брат е среќен во своето навидум вистинско семејство? Дали малечката ќерка и сопругата не му се доволни па бара авантури?

Најстарата сестра се наоѓа повторно пред тешка одлука додека во мислите ѝ одѕвонуваат зборовите кои еднаш мајка ѝ ги имаше кажано, пред да избега со шоферот и засекогаш да ги напушти. Сите три се соочени со животни предизвици кои се сосема нормални и составен дел од животот, но што всушност авторот сака да ни претстави? Тој ни ги претставува различните страни на едно исто семејство и плус ни раскажува за различни семејства кои се свои и поинакви од останатите, а пак исти во едно: во желбата да се има вистинско семејство. Тие кои никогаш не растеле во комплетно семејство најубаво ќе ја разберат пораката која авторот ја испраќа.  И оние кои растеле во комплетно и „вистинско“ семејство ќе имаат можност да ја видат другата страна на приказната, онаа која за нивна среќа не ја доживеале. Како и да е, секој читател е само еден сведок на животите на јунаците во романот, а на него останува и да си најде дефиниција што всушност за него претставува „вистинско“ семејство.

3/5

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.