Подобро да не разберев

Положбата стационирана на една карпа, опколена со зашилени врвови од ограда која избледува некаде далеку, во небиднината, меѓу морската струја, меѓу сталакмитите во пештера што никому не е позната. Можеби таму некаде е точката во чиј ек тлее мојата приказна или завршува експанзијата на нечија положба меѓу крајбрежјето. А, пропратно со положбата која не верувам дека можеше да се помести од карпата – се таложеше и жар кој се чувствуваше со сетилата, со пецкање, со восприемање бодежи. Камо да беа шилците од оградата. При таква дразба, имуноста беше непознат поим, желбата да се наруши рамнотежата и да се вивне во облаците беше поголема од широчината на она што се чувствуваше.
И како што го силеше огнот кој се разгоруваше во заднината на карпата, почнуваше да заострувува нешто и беше пресудно да почувствувам вибрација, а потоа некоја уметност ги распослала…
Не знам што беше тоа, сигурно треба да се смисли објаснување за таа појава, за тој дар или нешто многу лошо во кое се создаваат или се впиваат чудни облици, во кое се проголтуваат и шилците, во кое се огледуваат и најгрдите вибрации кои опколуваат илјадници карпи во позадината.
И сега ги чувствувам тие шилци, кога се разбудив и се најдов на половина пат меѓу отскриена нога и дремеж и желба за пет минути стационирана положба, но не како онаа, која ме пецкаше и ми го изгоре цел ‘рбет чиниш сум мачкала нешто луто, нешто што подоцна леди и оттрпнува.
Ми оттрпнува цело тело со морници како анализирам во детаљи, до ситни неправилности, до нерамнини и шуплини. Тоа го правам секоја вечер.
Што ли згрешив во хронологијата за да чувствувам болка и при промена на положбата.
Не знам дали сѐ што извршува механичка работа боли и во што преминува мојата енергија кога ја немам. А, боли тогаш кога недофатлив е сонот и процесот го обзела поплава и нема да се врати. Ама се решив да ја отскријам и другата нога, ако боли – нека биде. Подобро да менувам положба и да играм во ритамот на перспективната активност и ниту шилци, ниту бодежи, ниту штрафови да ми ги измачуваат ребрата. Подобро, нека.
Никогаш нема да се прашувам зошто процесот ме одбра мене, знам дека ми беше подобро да гледам, а да не разбирам. Ама ќе болеше, ќе се формираше нешто, ќе се довлечкаше пак во замката меѓу ова и она, меѓу таму и негде и ќе ги апсорбираше сите ништа од светот и ќе исчезнеше.
Но, тоа стана ништо. Можеби така и му треба. Знае дека треба да боли за да гледа, знае дека треба да се помрднува за да биде облик и да чувствува за да биде душа. Ама, пак си стои како на почетокот, како тогаш што можеше да биде сѐ, но одбра да се спои. И сега се дели меѓу луѓето, нешто остава ваму, нешто фрла таму.
Како електроните што дури и на сонот знам дека постоеја. Тогаш знаев и за оган, и за земја и за почва. Но, не знаев за подлоста на сѐ збрано на тлово ничие, што се распарчува и ја збира плодноста, а нам уште дождот нѝ е виновен.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.