Понекогаш најтешките рани не се оние кои нѝ ги нанесуваат другите туку најтешки се оние рани кои си ги нанесуваме самите.
Тоа се оние бројни рани во кои ги откопуваме своите болни сеќавања, рани во кои ги превртуваме своите престари разочарувања и го задржуваме во мислите сето она што нѝ го брише мирот.
Најтешки се оние рани од кои ништо не учиме и кои не ни носат никакво животно школо, а се повторуваат секогаш одново. Но, за тие рани самите сме виновни, затоа што одново им се враќаме и поради нив патиме.
Најтешки се оние рани за кои немаме сили да си простиме себеси иако знаеме дека другите нѝ простиле како тоа да ќе нѝ помогне за сликата која ја имаме за себе.
Најтешки се оние рани кога не правиме граница помеѓу себе и другите, оставајќи ја „границата“ отворена.
Најтешки се оние рани во кои им дозволуваме на другите да се однесуваат кон нас онака како што тие сакаат наместо да им кажеме „до овде можеш, а понатаму не“.
Најтешки се оние рани во кои толку им веруваме на луѓето иако од нив безброј пати сме се разочарале мислејќи дека сега ќе постапат поинаку, а тие нас по илјадада пати нè повредуваат. Тоа не се повеќе поединечни рани, тоа ранување станува трајна состојба во која повеќе немаме сила да се залагаме за себе.
Сè тоа нѝ се случува затоа што го жртвуваме својот мир поради некоја лажна надеж и ветувања, го жртвуваме својот мир сакајќи да им удоволиме на оние кои тоа не би го направиле за нас.
А потребно е само едно, да се биде свесен колкава вредност има сопствениот мир, не трчајќи и не лазејќи пред другите, не компромитирајќи се за работи кои немаат сила да го задоволат нашето срце, имајќи своја цел и верувајќи во идеали.
Сè помалку од тоа значи секогаш одново задавање рани себеси.
