Ако мораш нешто да платиш со сопствениот мир – знај дека тоа е прескапо

Понекогаш најтешките рани не се оние кои нѝ ги нанесуваат другите понекогаш најтешки се оние рани кои си ги нанесуваме самите.

Тоа се оние бројни рани во кои ги откопуваме своите болни сеќавања, рани во кои ги превртуваме своите престари разочарувања и го задржуваме во мислите сето она што нѝ го брише мирот.

Најтешки се оние рани од кои ништо не учиме и кои не ни носат никакво животно школо, а се повторуваат секогаш одново. Но за тие рани самите сме виновни, виновни сме затоа што одново им се враќаме и одново од нив патиме.

Најтешки се оние рани во кои немаме сили да си простиме себеси иако знаеме дека другите нѝ простиле како тоа да ќе нѝ помогне за сликата која ја имаме за себе.

Најтешки се оние рани кога не правите граница помеѓу себе и другите, оставајќи ја „цртата“ отворена.

Најтешки се оние рани во кои им дозволуваме на другите да се однесуваат кон нас онака како што тие сакаат наместо да им кажеме „до овде можеш, а понатаму не“.

Најтешки се оние рани во кои толку им веруваме на луѓето иако од нив безброј пати сме се разочарале мислејќи дека сега ќе постапат поинаку, а тие нас по илјадити пат нè повредуваат. Тоа не се повеќе поединечни рани, тоа ранување станува трајна состојба во која повеќе немаме сила да се залагаме за себе.

Сè тоа нѝ се случува затоа што го жртвуваме својот мир поради некоја лажна надеж и ветувања, го жртвуваме својот мир сакајќи да им удоволиме на оние кои тоа не би го направиле за нас.

А потребно е само едно, да се биде свесен колкава вредност има сопствениот мир, не трчајќи и не лазејќи пред другите, не компромитирајќи се за работи кои немаат сила да го задоволат нашето срце, имајќи своја цел и верувајќи во идеали.

Сè помалку од тоа значи секогаш одново задавање рани себеси.

http://www.novipocetak.com

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.