Како да излезете од магичниот круг на празното секојдневие? (Оваа поучна приказна ќе ви го даде одговорот)

Еден човек прашал некој мудрец – како да излезем од магичниот круг на празното секојдневие во кое нема ниту љубов ниту среќа?

Мудрецот му одговорил – од овој круг можеш да излезеш само на она место каде што се спојуваат почетокот и крајот!

Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага по местото каде што небото се спојува со земјата, но хоризонтот секогаш бил на истa оддалеченост. Уморен од сè, седел на океанското крајбрежје мислејќи дека стигнал до крајот на светот. Зборовите на мудрецот му одѕвонувале во главата.

Долго седел на крајбрежјето набљудувајќи ги сонцето и облаците, а ноќе – месецот и ѕвездите и конечно ги видел своето минато и иднина како се спојуваат во сегашниот момент и го обликуваат неговиот живот.

Го знаел одговорот. Не постои место на светот каде ќе почнат да се спојуваат почетоци со краеви, но на секое место крајот се влева во нов почеток во еден одреден момент.

Одново го побарал старецот кој го упатил кон хоризонтот, одлучен во намерата да владее со времето и да дознае во кој момент може да се ослободи од лошата среќа.

Човекот го прашал мудрецот – сега знам каде се спојуваат почетокот и крај, што треба да направам?

Мудрецот одговорил:

Ако твоето минато е исполнето со тага и патење, почекај го моментот кога сонцето ќе почне да се искачува на хоризонтот и тогаш остави ја цела тага позади тебе.

Ако во минатото си бил роб на лошите навики, почекај сонцето да почне да се искачува и во наредните три дена прави го она што сакаш да го правиш до крајот на животот.

Ако твоето минато е исполнето со мачни односи, тогаш побарај некои нови луѓе и тргни со нив во својата иднина, а сите останати остави ги зад себе и не гледај назад.

 Ако во твојот живот немало радост, тогаш направи било што што ќе те направи среќен/на, колку и да е мало тоа нешто, тоа ќе се прошири низ целата твоја иднина.

 Ако во твојот живот немало љубов, во тој момемнт со копнеж погледај во сонцето и ќе ја сретнеш љубовта на својот живот.

Човекот се заблагодарил и заминал по својот пат. Никогаш повеќе не го посетил мудрецот.

Нека вашите стари маки останат позади вас, земете го само она со кое сакате да ја исполните вашата иднина. Ако го направите тоа, ќе ја сретнете љубовта и среќата на вашиот живот,

Барем така вели старата легенда за човекот и мудрецот.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.