Дводневна жалост во нашата земја – текстов го упатуваме до сите засегнати од настанот

Во нашата земја прогласена е дводневна жалост. Колку ли само денови ќе тагуваат семејствата на загинатите за кои утеха нема. Никаква утеха и ништо не може да допре до нивните скршени срца кои патат по нивните најблиски и најмили за да ја олеснат жалоста.

Испраќаме сочувство до семејствата на сите починати, нека почиваат во мир и лесна им земја. Сите кои успеавте да ја преживеете трагедијата, молете се за душите на оние кои беа со вас во автобусот и сочувство и до сите вас, за вашата храброст и веруваме дека траумата која што сте ја доживеале ќе биде за брзо залечена.                               

Не постојат зборови кои би ги напишале за да ја опишеме тагата која ја почувствуваа сите кои имаат барем малку емпатија кон сите живи суштества.
За болката на блиските на загинатите нема потреба да се зборува, освен да им се даде поддршка која им е потребна и сочувство.

Ако случајно дојдете до овој текст, ви ги испраќам следниве утешни зборови: „Знам дека не постојат зборови кои би ја намалиле вашата болка, страдање и тага по оние кои ги изгубивте, но мора да бидете силни и да го продолжите вашиот живот. Ако немате доволно волја, помислете на нив и колку тие би биле горди на вас што сте успеале да најдете некоја утеха за понатаму да го продолжите животот. Ако не поради себе, поради тие кои се покрај вас и уште се живи. Ним им требате исто колку што си требате и на себе. Бидете јаки и издржете го овој тежок период. Животот е суров кон сите на различни начини, но тоа не значи дека треба да живеете во страдање до крајот на вашиот живот.“ .

Не знам до каде ќе стигнат напишаниве зборови, споделувајте го текстов за да го прочитаат оние кои што треба.
Исто така сакам да упатам големо БРАВО до сите оние кои се нашле на местото на несреќата и несебично им помагале на жртвите како и на сите кои биле инволвирани.
Сакам и посебно да упатам пофални зборови за сите кои несебично се понудија да им дадат засолниште на блиските на повредените.                                        

 Вие сте луѓе во вистинска смисла на зборот затоа што очигледно не ги гледате/делите луѓето според нивната националност туку баш како луѓе од крв и место исти и еднакви – рамни на вас. Добрините кои ги правите ќе ви останат запаметени, а кармата тоа добро го памети. Затоа што сите ние сме луѓе еднакви пред Бога, сите плачеме и се смееме на ист јазик. Сите од нас патувале со автобус барем еднаш во животот.

Лично јас 5 години патував на релација Скопје-Кичево и сум се возела во повеќе автобуси кои за среќа немале некоја голема несреќа освен што знаеле да се расипат па да застанат, да нема греење или да нема слободно седиште. Сето тоа поминало и не може да се спореди со вчерашната трагедија зошто немало последици врз ниеден човечки живот.

Сум патувала во друштво на секакви патници, од најмлади до најстари, од мајки со бебиња, бремени жени, студенти, зрели луѓе, баби и дедови, нечии мајки, баби, тетки, татковци, дедовци, браќа, сестри. Сите ние тргнуваме со иста цел: безбедно да стигнеме до местото каде што сме тргнале. Внатре сите сме слични такаречено однадвор, а внатрешно толку различни во смисла дека размислуваме различни работи, имаме сопствени проблеми кои останатите ги немаат, а другите нивни кои ние ги немаме итн. Толку многу луѓе на едно место со различни животни патишта, со различна боја на коса и очи, со различна возраст, професија, интереси…а животите им се вкрстуваат во тој автобус и за жал се случува (некогаш) животите на некои од нив да им завршат тука на ист начин.
Сигурно не ни помислиле на тоа кога седнале на седиштето, а само тие знаат кои им биле последните мисли кога го напуштиле овој свет. Ми ја разбирате поентата, чинам.
За крај само ќе речам да нè чува Бог сите, патници, возачи, пешаци. Сообраќајни несреќи се случуваат секојдевно, тоа не можеме да го порекнеме, па ни останува да бидеме внимателни како возиме и се движиме и свеста за безбедноста во сообраќајот да ни е на големо ниво иако некои непосакувани работи не можат да се предвидат и можат да се случат секому.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.