Критичкиот став на Данте

Во природата на човекот е тој да биде зависен од општеството, но не и тоа да раководи со него. Темнината од средновековието се всадила во срцето на човекот, а со себе ги понела љубовта, среќата, потребата за припаѓање и им ставила голем клуч.
Човекот е економски, духовен и политички роб на крупниот феудалец кој толку цврсто ги држи стегите чиниш нема излез.
Но, човекот не би бил тоа што е доколку не го издржи и она што мисли дека е невозможно, а големите мислители и поети освен што ја отстраниле темнината, успеале да создадат и нов период, нов поглед кој не ги презира земските радости – туку ги слави, не ја отфрла земската љубов туку ја величи и не го казнува љубопитниот човек и неговата желба за знаење туку уште повеќе го поттикнува.
Хуманизам и ренесанса се неразделен дел од еволуцијата на човекот, а јас би се послужила со зборовите на Ниче: „Средновековието претставува пустош после експанзијата во антиката“:
Предвесникот на новото време кое следи ги удира темелите на новиот поглед на светот творејќи своја литература во која се забележува напредноста на човековите мисли кои полека ги напуштаат црковните догми. Данте Алигиери е првиот кој широко ги отвара хоризонтите и твори, истовремено критикувајќи го она во своето време за кое не се согласува.
Неговиот критички став може да се забележи и во неколку наврати од делото: „Пеколот“, тој со симпатии гледа кон земската љубов, не ја осудува Франческа за нејзината прељуба со деверот, напротив, од нејзиното раскажување се натажува и онесвестува. Исто така, тој не го осудува Одисеј кој му вели дека сака многу да патува и да истражува, со тоа тој го наговестува враќањето на човекот во природата, но сега со нови сфаќања. Ренесансата ќе го претстави човекот како истражувач, научник и мислител, тој ќе биде сè она што не бил во средновековието.
Напредните размислувања од првиот претставник на ренесансата во литературата ги согледуваме и во неговиот критички став кон свештенството и развратниот живот. Сурово ги критикува свештениците кои ги користат верниците и верата само за лично збогатување, во своето дело тој им се обраќа со зборовите „Вам Бог ви стана златото“.
Освен критичкиот став кој Данте го има кон работите што уште повеќе ја влошувале состојбата и анархијата која владеела во негово време, освен како мислител, вешт оратор, неговата величина е и во техниката на пишување.
Алегоријата што толку добро ја создал овозможува човекот да го протолкува делото на милион начини.
Секој човек би се изгубил во еден таков свет, тоа најдобро го опишал со шумата во „Пеколот“, а таму тој ги критикува и сладострастноста, лакомоста и завидливоста како особини кои го грдеат човечкиот род, како пороци поради ко човекот греши.
Данте критикувајќи го светот во кој живее сакал да им укаже на луѓето дека грешат, неговата цел била да создаде подобар и похуман земски живот искористувајќи ја визијата на средновековниот човек за пеколот.
Основоположникот на нови сфаќања и творец на божествена литература со непроценливо уметничко и историско значење ги удрил темелите за светот да биде ваков каков што е денес, не толку хуман, но слободен и како место каде центарот е човекот и тој го менува светот!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.