Не ги форсирајте работите – Сè се случува во вистинско време и од вистински причини

Времето е една од најдрагоцените „работи“ кои нам Бог ни ги понудил.
Без времето на светот, ништо не би имало смисла, а сè би било непроценливо. Времето дава совршена смисла за постоење.
Со самото тоа, секој на светот има свој пат и сопствена приказна за да ја раскаже: и сè се случува во склад со времето од нашиот живот.
Време на вашите родители, браќа, пријатели или било кого што го познавате нема да има исто време како вашето. Денес многу луѓе се несреќни затоа што одредуваат одреден ред кога работите треба да се случат во нивните животи, го темелат своето искуство според тоа како виделе дека на другите луѓе им се случуваат работи во нивните животи. Би додала еден пример, како што растев на ум имав еден хронолошки поредок како што посакував работите да се случат во мојот живот, но не бев во право. Имав замисла кога треба да добијам диплома, кога треба да се омажам, кога ќе започнам семејство, кога ќе почнам со работа од соништата и кога ќе се случи сето она што го посакувам. Тоа што го игнорирав беше дека сè се случува во вистински момент; и морав да верувам во времето на мојот живот.

Многу е важно да верувате во времето на вашиот живот.
Животот понекогаш може да биде многу комплициран и непредвидлив.
Баш кога мислите дека работите одат како вие што сте посакувале може да се случи нешто непредвидливо и да ја промени целата ситуација. Од друга страна, кога не очекувате да се случуваат работите тие магично се случуваат. Нели е тоа лудо?
Затоа што времето најдобро знае, Бог; кој вас ве створил, најдобро знае. Тој ќе ви даде работи кои ви требаат и ги сакате, кога е вистинско време. На почеток нема да го разберете, но еден ден ќе се навратите на сè што се случувало во вашиот живот и конечно ќе сфатите зошто одредени работи се случуваат подоцна во животот или порано отколку што сте очекувале.

Верувајте во времето на сопствениот живот.

Викаат дека живото е како пат; патување преполно со искуства. И сите имаме различни искуства во животот. Иако некои од нас имаат слични искуства, сите имаме различни приказни, со различни времиња. Мојата мајка викаше: „Немој да гледаш во туѓа чинија, јади од својата“. Тоа што го мислеше беше: можете да почнете да јадете во исто време, но нема да завршите во исто време.
Можеби имате иста чинија, но различна храна, па така немојте да се нервирате колку брзо другата личност јаде или заврши со јадење, затоа што имате своја, а посебно ви е послужена. Погледнете го својот живот, своето патување, своето време и дозволете им на работите да се случуваат кога им е време, Божјото време, секогаш е во право.

Јас сум една од оние луѓе кои веруваат дека сè се случува со причина. Ако не гледам дека моите планови не се остваруваат како што сум сакала, од срце знам дека тоа е поради некоја причина.

Немојте да форсирате (избрзувате) ништо

Една работа која повеќето луѓе ја прават е дека го избрзуваат својот живот затоа што ништо не се случува како што тие сакаат.
Ве молам, една работа која ја научив во текот на овој живот е дека најдобрите работи секогаш доаѓаат во време кога не сме ги очекувале. Затоа, живејте во сопствениот ритам, темпо кое му одговара на вашата приказна. Дојде време во мојот живот кога почнав да се плашам кога работите не се случуваа како што сакав. Баш кога не ни размислував за тоа, сè почна да се случува. Се погледнав и само се насмевнав. Животот е доста драгоцен, не би требало да го избрзуваме.
Почекајте го правото време и сè ќе ви има совршена смисла.
Ако вашата иднина е фрустрирана, само дишете и верувајте во Божјото темпо. Животот е како книга. Ако сакате да го разберете целосно, морате да поминете низ секое поглавје во книгата.
Некои поглавја се подолги, некои се сложени, некои непресушни, други се неверојатни. Затоа, кога се наоѓате во тоа непобитно поглавје, немој да се фрустрирате и немојте да го избрзувате за да можете да одите на следното поглавје.
Затоа што често, чувството на следното поглавје доаѓа од претходното. Исто така, можеме да читаме иста книга, но со потполно различно темпо. Знаејќи дека една особа се наоѓа во поглавје Y, а вие сте уште во поглавје R, тоа не значи дека никогаш нема да дојдете до тоа поглавје. Имате само различно темпо и тоа е тоа. Затоа не брзајте, одете со својот ритам додека не ја завршите книгата.

Извор: novipocetak.com

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.