36 романи во трка за наградата „Роман на годината 2018“

Триесет и шест романи се пријавени на 20-тиот конкурс за наградата „Роман на годината 2018“, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Според жирито: Фросина Пармаковска – претседателка на жирито и минатогодишна лауреатка на наградата, Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева, романескната продукција годинава се одликува не само по обем, туку и по квалитет.

Фондацијата ќе го соопшти годинашниот добитник најдоцна до 15 март до кога жирито ќе направи неколку селекции на романите. Наградата е неделива и се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и статуетка.

Во конкуренција за „Роман на годината 2018“ се пријавени:

  • „Девици и волци“, Александар Алексов, самостојно издание
  • „Страв од варвари“, Петар Андоновски, „Или-или“
  • „Пеколот од детството“, Атанас Бојаровски, самостојно издание
  • „Втор откос“, Дејан Величковски, „ПНВ Публикации“
  • „Тажна приказна за среќни луѓе“, Андреј Волкашин, „Антолог“
  • „Последното име на иднината“, Живко Грозданоски, „Антолог“
  • „Глобалните ѕвезди на небото“, Јован Дамјановски, „Напредок“ – Тетово
  • „Благослов или проклетство“, Јован Дамјановски, „Меѓународен центар за славјанска просвета“ – Свети Николe
  • „Пинокио и вештерката“, Наташа Димитриевскa, „Или-или“
  • „Карангел Бруснички“, Илко Димитриески, самостојно издание
  • „Разголена душа“, Марта Димитров, „Ѓурѓа“
  • „Златниот часовник што го запре времето“, Константин Дораковски, „Кондор“
  • „Барутни облаци“, Бранислав Ѓорѓевски, „Академски печат“
  • „Суденик“, Гојко Ефтоски, „Фи-Га“ – Тетово
  • „Лидија, или се што знам за жените“, Тихомир Јанчовски, самостојно издание
  • „Заробеник во сопствениот живот“, Катарина Јовчевска,„Академски печат“
  • „Пливање спротиводно“, Ненад Јолдески, „Или-или“
  • „Послушен брод што плови“, Ирена Јорданова, „Или -или“
  • „Земја на бегалци“, Кица Колбе, „Или -или“
  • „Неизгубливи нешта“, Никола Кочовски, „Култура“
  • „Еретички писма“, Стефан Марковски, „Три“
  • „Сага за тројство“, Зоран Милошевски, „ПНВ Публикации“
  • „Меѓу чаршијата и црквата“, Димитар Пандев, „ПНВ Публикации“
  • „Последниот воз за Загреб“, Владимир Попов, „Култура“
  • „Небото над реката Чарлс“, Катерина Серафимовска, „Култура“
  • „Марика и стравот“, Емилија Славковска, „Македоника литера“
  • „Ирис на фортуната“, Цвета Спасикова, „Дата песнопој“- Битола
  • „Утеха за голите“, Давор Стојановски, „Или – или“
  • „Овде или во вечноста“?, Билјана Tинтоска, „Матица македонска“
  • „Души близнаци 11:11“, Весна Здравковска Трајковска, самостојно издание
  • „До дваесеттата“, Добре Тодоровски, „Матица“
  • „Бојана на Тодор“, Божана Тренческа, Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“-Штип
  • „Маџун“, Влада Урошевиќ, „Магор“
  • „Луѓе без минато“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
  • „101 живот“, Весна Мојсова-Чепишевска, Елена Атанасиу, „Матица македонска“
  • „Некој бил тука“, Николина Андова Шопова, „Темплум“

Извор: cooltura.mk

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.