Како што кажува и самиот наслов. Пишувате? Имате веќе напишано нешто кое сакате да го чујат останатите?
Нешто со кое ќе инспирирате некого или едноставно ќе го кажете вашиот став во вид на кратка колумна?
Некој проблем за кој можеби можете да понудите решение или сакате да го споделите за да може да стигне до повеќе луѓе за да се најде заедничко решение?
Или едноставно сакате да ја споделите вашата поезија или проза со нашите члитатели?
Ние сме тука да ве ОХРАБРИМЕ и ПОТТИКНЕМЕ да ни ги испраќате вашите дела со цел да го поддржиме пишувањето и да ве мотивираме тоа да го правите почесто. Текстовите ќе бидат објавени во посебна категорија – Вашиот глас.
Нема рок за испраќање (како што ќе стигнуваат така ќе ги споделуваме), нема возрасна граница ниту мора да сте веќе докажан автор за да испратите ваше дело.
Напомена: сите текстови прво ќе бидат прочитани, разгледани па доколку ги задоволуваат критериумите кои ги имаме поставено во нашата „политика“ на блогирање, ќе бидат објавени.
Темата за било кој текст кој ќе го напишете е СЛОБОДНА.
Творбата нека биде испратена во ворд документ.
Покажете ја вашата креативност во пишувањето споделувајќи ја со нас.
Ние со задоволство ќе ве читаме и споделиме.
Важно: можете да испраќате со ваш идентитет (име и презиме) или доколку сакате да останете анонимни испратете нѝ шифра (псевдоним) со која ќе го објавиме делото.
Нема ограничување и во бројот на испратени дела – можете да испратите онолку литературни творби колку што вам ви одговара.
krajbrezjenadvasveta@hotmail.com / krajbrezje@gmail.com
Ви ја претставивме нашата идеја, сега редот е ваш.
Пратете ни, ќе ве прочитаме и ќе објавиме.
НЕКА СЕ ЧУЕ ВАШИОТ ГЛАС.
Зошто гласот на народот не смее да биде само еден обичен крик.
Ве очекуваме!
