Случајност – Зборовите на безгласната девојка

Дали ви е познато она чувство кога некого сакате многу, многу повеќе од себе? Кога љубовта е толку чиста и голема па дури и помислувате дека никој ништо не ѝ може! Кога секој ваш ден започнува со името на саканата личност и завршува со мисли за истата. Кога не постои момент, а да не го чувствувате иако не е тука. Да, тоа е она чувство на исполнетост, среќа, безгрижност, чувство на љубов кое нема цена. Она лудо чувство дека тој е целиот ваш свет. Жената кога сака, сака безусловно, силно и до крај. За својот сакан спремна е да направи и најголема лудост. Цел свет е розев.
Ако таа жена биде издадена и повредена од личност која го претставува целиот нејзин свет, тогаш таа станува личност што никој не би ја препознал. Оваа прекрасна девојка полна со љубов станува ледена кралица која вешто се крие од љубовта и од сите тие убави работи поврзани со неа. Станува груба и безчувствителна личност за која не постои машкиот род. Следи приказна баш за таква девојка чии што чувства се уништени , која и со скршено срце и кнедла во грло одлучува да го остави минатото и да почне сè од почеток.

 
Како да беше толку лесно. Лето 2013. Охрид. Реши да си даде малку мир и спокој. Да ги потопи сите тежини во езерото пред тие целосно да ја уништат. Престојуваше таму недела дена. Доволно време за да во некој сплет на околности запознае личност која понатаму ќе ѝ го промени животот од корен. Несвесно. Тој глас. Тоа “здраво”, тој лик, таа насмевка се појави и наредната година пред нејзе. Дежа ву. Истиот лик. Истите топли очи. Истиот град и место. И пак тоа “здраво” остана да виси во воздух. Случајности? Секако НЕ! 

Помина време, а неа ја гушеа спомените. Ѝ го гореа телото. Седеше во десниот агол. Така убава, така грешна, проклето посакувана.
Си играше со чашата полна со црвено вино кое чекаше да ги допре нејзините усни. Усни што раскажуваат за секоја нејзина романса и за секој незаслужен бакнеж. Таа беше убедена дека припаѓа само на еден човек… човекот што го беше купил нејзиното тело уштен пред да биде свесна дека може да го држи светот во свои дланки. Неа не ѝ беше важно. Животот одамна ѝ се состоеше од љубов за една ноќ, светлина за еден ден, болка за цел живот. А тој?! Седнат покрај шанкот. Прегрнува девојка на кој ни името не ѝ го знае. Секој нејзин бакнеж го измива со горчлива голтка виски. Со мислите е некаде далеку, во еден мал град кој зборуваше и завидуваше на нивната неизмерна љубов. Се сети на нејзините очи како на срна, најубавата насмевка,  најнежниот допир. Се сети на сè она што мислеше дека  е заборавено, но не било! Ја крена чашата и наздрави во име на девојката која имаше толку многу љубов. Љубов која една ладна ноќ замре и се стиши.


Постојано се превртуваше во кревет. Како во сон да вежбаше насмевка. Како да вежбаше среќа. Ѝ беше преку глава од целата глумажа. Тагата толку многу ја запоседна што немаше ни солзи. Секогаш го очекуваше најлошото. Секогаш се случуваше најлошото. Телото ѝ се предаде. Како да ѝ служеше на измалтретираната душа да не испари од земјава. Не сакаше ништо повеќе. Крена раце и од него и од себе. Лежеше млитаво во креветот и си го слушаше зуењето на тешкото дишење. И воздухот едвај ѝ се провлекуваше низ градите. И тој се откажа. Насекаде ѝ се вртеа стари слики кои не ја напуштаа ни за миг. Немаше начин да продолжи. Имаше само уште повеќе дождливи утра и магливи денови. Заледено срце и премрзнати дланки. Ја красеа темни подочници и блуткав израз. Срцето ѝ беше празно. Немаше ни љубов, ни солзи. Само тешки воздишки кои и го касапеа телото или барем она малку што остана од него.


Се вика Лана. Беше до срж заљубена, но остана скршена, уништена, со срце распарчено на најситни делчиња, а сепак полна со гордост и достоинство. Долго, долго време не сакаше да чуе за маж кој ќе ѝ пружи љубов. Ѝ здосади од обврските и секојдневната монотонија. Сакаше малку да одмори и да отпатува некаде на некој ден. Не беше патувала одамна, откако љубовната приказна ѝ заврши на најлош можен начин. Реши да се почести со едно зимување. Подготовката почна штом си дојде дома. Утрото тргна. Среќна што конечно ќе може малку да се одмори. Стигна на Попова Шапка. Ја обзеде зимската магија. Побрза да се отпакува и да ужива во снегот. Беше возбудена. Одушевена. Наеднаш, скиите ѝ се заглавија во снегот и во обид да ја реши ситуацијата, со оглед на тоа дека беше несмасна и доста неискусна, се лизна и почна да паѓа. Во истиот момент почувствува нечии раце околу нејзината половина и машки глас кој ѝ рече: “Добро сте?” Го погледна во очи, а срцето се појако и чукаше. Беше како сон. Тој глас повторно. И се вкрстија погледите а на нејзиното лице се појави широка насмевка. Ма дај! Случајност? Повторно?! “Дојди овде. Има кафуле. Да земам нешто топло и се враќам. Ти смири се.” Прифати како хипнотизирана. Отидоа до кафулето и удобно се сместија. Го слушаше. Без да трепне. Го следше секој негов чекор кој ја оставаше без текст. Дозна дека се вика Јаков. Дека е некоја година помлад од нејзе . Дека се сместени во ист хотел и дека е совршенство! Мораше да стане. На излегување и довикна дека ја чека да вечераат заедно во ресторанот во хотелот.


Од тој бакнеж, поминаа две години, а тие се во среќен брак скоро 6 месеци.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.