Сакаме да го слушнеме вашиот глас!

Како што кажува и самиот наслов. Пишувате? Имате веќе напишано нешто кое сакате да го чујат останатите?
Нешто со кое ќе инспирирате некого или едноставно ќе го кажете вашиот став во вид на кратка колумна?
Некој проблем за кој можеби можете да понудите решение или сакате да го споделите за да може да стигне до повеќе луѓе за да се најде заедничко решение?
Или едноставно сакате да ја споделите вашата поезија или проза со нашите члитатели?
Ние сме тука да ве ОХРАБРИМЕ и ПОТТИКНЕМЕ да ни ги испраќате вашите дела со цел да го поддржиме пишувањето и да ве мотивираме тоа да го правите почесто. Текстовите ќе бидат објавени во посебна категорија „Вашиот глас“.

Нема рок за испраќање (како што ќе стигнуваат така ќе ги споделуваме), нема возрасна граница ниту мора да сте веќе докажан автор за да испратите ваше дело.
Напомена: сите текстови прво ќе бидат прочитани, разгледани па доколку ги задоволуваат критериумите кои ги имаме поставено во нашата „политика“ на блогирање, ќе бидат објавени.
Темата за било кој текст кој ќе го напишете е СЛОБОДНА.

Имате целосна слобода во тој поглед, без ограничување сте.
Покажете ја вашата креативност на дело и споделете ја со нас.
Ние со задоволство ќе споделиме.
Важно: можете да испраќате со ваш идентитет (име и презиме) или доколку сакате да останете анонимни испратете нѝ шифра под која ќе објавиме. Нема ограничување и во бројот на испратени дела.

Ние Ви ја претставивме нашата идеја, сега се чека на ВАС.
Да видиме дали ќе има заинтересирани и НЕКА СЕ ЧУЕ ВАШИОТ ГЛАС.
Зошто гласот на народот не смее да биде обичен крик.

Слика
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.