Женските ликови во „Крпен живот“ (есеј)

Еднаш, сосем случајно си врежав во мислите едно прашање „Дали животот навистина е само жртвување на време и промена на приоритети?“ И додека мислата избледуваше, романот „Крпен живот“ се најде во моите раце и прашањето стана теза.
Од неограничениот број изразни можности, Стале Попов го одбира најиновативниот симбол „зад“ симболот во кој содржината не претставува хипотеза што може да се извлече од насловот, туку нѝ наговестува една нова перспектива која се гради само со прогресивни умови кои не го ни забележуваат видното поле, туку градат свое.
Македонскиот, традиционален човек-конформист прифаќајќи ги минимално новите елементи што се испреплетуваат со класичните битово-социјални го создал општеството, а тоа ќе постои не додека постојат луѓето, туку додека балансираат конзервативните луѓе и нивниот контраст.

Колку и да звучи сурово поделбата ништо не му пречи на фактот што светот во минатото го гледам како „машки“ свет, а нормите постојат за да се уриваат и поради оваа причина Стале Попов му противречи на времето и на светот во својот „женски“ роман, за централна личност си одбира слика на храбра и силна жена со што ја добива мојата неизмерна наклонетост. Сликата што ја градиме за една женска силуета до крајот на романот се провлекува со името Доста, покрај името и нејзината појава неминовно е да се опше како необична, со зборот во најголем случај укажување на невообичаени нешта за поширока маса на луѓе, но тука не се вклучени граѓаните, само селаните кои облеката од Доста ја класифицираат како „гупцка“. Земајќи предвид дека селанецот е само човек кој не може да гледа подалеку од селото, во ред е тој да не биде расположен за нови идеи и строго да се држи во традиционалното, па дури и самата Доста не би била иницијатор на модерни иновации доколку претходно не ги прошетала солунските улици и го видела градскиот живот.
Интересна појава во романот се и останатите женски ликови како Митра кои со резерва гледаат на новитетите од Доста, не може да стане збор за целосно прифаќање од нејзина страна, само за доволна зрелост да се остави друг да го модифицира времето.
Веќе за целосно прифаќање и применување се гледа кај Бојана Жиовка?
кај која се забележува и восхит кон Доста и поради изразената спротивност од карактерот на Бојана, ѝ станува верна пријателка и придружничка.

Пресвртот што Доста го прави кога ќе ја упати нејзината Нешка на училиште е само еден чекор напред што се спротивставува на размислувањата за мажот како поглавар на семејството и жената како фабрика за раѓање на потомци. Жена која успева да скроти маж, а живее во општество каде речиси секоја нејзина познаничка е удрена од нејзиниот маж, во спортивно не би се чувствувала како мажена е храбра жена и со право добива голема почит, за жал, нејзината золва ја добива само мојата емпатија затоа што Митра е жртва на општеството и нема најдено механизам за да се одбрани од истото, налик гневен и скршен романтичар.
На тој начин, нејзината омраза кон Доста е оправдана зошто во природата на човекот е тој да биде лаком за сè, а нема ништо грешно во желбата да се обезбеди својата, па и иднината на своите деца.

За неопходноста на жените во светот, романот претставува доказ повеќе и од доволен, а Иво Андриќ само дава потврда и вели: „Жената стои, како капија, на излезот и влезот во овој свет“.
Мојата теза сè уште остана непотврдена ама „Крпен живот“ е темел, животот навистина е пренамена, потзакрпување на старо со ново и жртвување на време, не бесцелно, ами за да се има крај во кој гушнати спокојно би седеле нови Илко и Доста.

black-and-white-close-up-dark-821735

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.