Кога слободата ти е сè во животот

Многумина мислат дека светот претставува црно-бела слика, но малкумина знаат дека всушност тоа претставува спектар од сиви тонови. Рефлектираната слика ја гледаме низ призмата на македонските преродбеници од 19 век, но најголемата интелектуална моќ за расудување и творечка моќ извира од современата композиција на Григор Прличев што како прототип ќе се провлекува како инспирација низ градацијата од дела што ги дала неговото време.

Неповторливоста во неговата прогресивност на постоењето лежи во неговата несебичност да го подели идеалниот сенс со читателите, а интелектот лежи во тоа што го искористил она што не би можеле да го стекнат и најголемите читачи на теорија.

Во Прличевата поема го согледуваме класичното образување на јуначко-битови поеми кои што му претходат на периодот на младата книжевност со елементи на антиката односно, да конкретизираме: матрицата на одвивањето на двобојот помеѓу Махмуд и Кузман Капидан е во размерите на Хомеровиот двобој: Ахил и Хектор, а самото опишување на дејствието во поемата соодветствува на четирите правила за формирање на уметнички вредна поема, напишана според одредeн концепт. Имено, Прличев немал некоја можност за да биде толку научно поткрепен, но тоа што го имал во себе го искористил за да го достигне врвот во македонската книжевност воопшто. Мајката на нашиот јунак, Неда, опишана како Амазонка во стиховите: „Извајана е амазонската нејзина става“, ја величи силуетата на Кузмановата мајка која тргнувајќи од фактот што родила заштитник на цело село е голема. Но ако на ова се припишат уште и отстапувањата на Прличев за опис на жената како битие кое што заштитува, а не е заштитено од некоја посилна фигура, толку самостојна и силна. Тука се јавува феминистичкото во мене кое Неда ја гледа како поглавар на цело едно село, село за кое нејзиниот син го даде животот. Правилата кои што до неодамна ми станаа јасни, а Прличев ги употребил во оваа поема велат дека почетокот и крајот се мирните фази, во коишто јунакот на почетокот не знае што ќе му се случи, а на крајот доаѓа последицата што обично е општо добро за сите. Се вели дека, доколку јунакот почине бранејќи ја својата чест е благодет за сите. Кузман Капидан не умрел од пасивноста, умрел од желбата за слобода. Слободата македонските преродбеници ја доведоа до исто рамниште со смртта. Тоа е така затоа што да се биде слободен човек си има своја цена.

Феминистичкиот дел од поемата се јавува не само во верноста на мајката на Кузман туку и во неговата свршеница Марија. Ако тргнеме од симболиката на името, нејзиното значи „Исусова жена“ што нема почист синоним за нејзината верност.
И на крај доаѓаме кај Гегите, како антијунаци кои докажуваат дека што и да се прави во животот, парче добрина секоја индивидуа ќе ја исфрли од неговата душа, а со самото тоа што ограбувачкиве албански племиња покажале жалење во моментите кога нивниот противник умира и кога го носат телото е само еден дел од доказите кои сведочат за неговите херојства.
Македонските преродбеници тежнеат кон идеалот на слободата, а некои го постигнуваат тој идеал преку борбата за својот народ.
Борбата на индивидуата за колектив е одраз на неговата личност, а претставува темел за создавање национална самосвест.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.