Ѕвездата родена на денешен ден никогаш нема да згасне

Ѕвездата твоја нема да згасне, а твојот лик е како икона, гласот препознатлив и уникатен како славеј. Ни даваше љубов чиста како солза, а сега ние назад не можеме да ти дадеме ништо друго освен признание и ветување дека секогаш ќе те спомнуваме.
Баш како на овој значаен датум кога си се родил во 1981г.

Ги праќаме ѕвездите да те повикаат и да те вратат, но ништо не е сменето, шушка молика. Темно е, а во душа светат фенери.
Ти светиш најсјајно на небото. Светеше и на земјата, но сега си поспокоен. Должен ни остана илјадници настапи, концерти и песни, но мора да се задоволиме со тоа што ни остана. Ни остана жал, тага и желба повторно да те видиме. Иако знаеме дека тоа не е можно, некогаш повторно ќе се сретнеме некаде. И ќе ги пееме твоите песни. Ќе правиме небесен концерт. Какви што беа твоите концерти – ѕвездени неба.

Ги дофаќаме висините и пак откриваме дека ТИ беше ЕДЕН, кој стои цврсто на земја и е незаменлив. Еден и остана. За тоа ќе сведочат албумите кои ги остави зад себе. А тие пак, полни со емоции кои излегуваат од твојот глас што предизвикува морници.

Вечен ќе бидеш. Вечно запаметен, спомнуван и слушан.
Наш Тоше. Тодор Проески. Дар од Бога. Дар подарен, прерано вратен на небо. Фала ти за све!

Тоше Проески
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.