Листа на издавачки куќи во Македонија

Македонија е мала земја, но и покрај тоа може да се пофали со добар број на издавачки куќи. Некои од нив постојат со години т.е децении наназад, а некои се понови. Ќе се обидеме да ги претставиме и да ги наброиме. Доколку има некоја издавачка куќа што не сме ја спомнале, слободно пишете ја во коментар и ќе ја додадеме во листата.

Кратко за издавачката куќа: Просветно дело како компанија е формирана на 16 април 1945 година, врз основа на Решението на Президиумот на АСНОМ, од 31 март 1945 година, со задача да печати и издава книги, списанија и публикации со научна, културна и уметничка содржина, како и учебници за основно и средно образование. Првиот буквар на македонски јазик, а нешто подоцна и првиот правопис и првата граматика на македонски јазик, се изданија на Просветно дело. Просветно дело ги има издадено и првиот буквар на албански и на турски јазик. Со ова беа удрени темелите за афирмација на македонскиот литературен јазик. 

Кратко за издавачката куќа: 
Ова книгоиздавателство е основано во почетокот на 90-тите години на XX век од страна на поетот Раде Силјан, кој потоа бил и негов директор. Со текот на времето, „Матица македонска“ прераснала во една од најголемите издавачки куќи во Македонија. Во склоп на издаваштвото, функционира и продавница, која се наоѓа на бул. Климент Охридски во Скопје, но книгите од оваа издавачка куќа се застапени во голем број други книжарници низ земјата.

  • ТАБЕРНАКУЛ (чијашто книжарница за жал не постои повеќе, но нивните изданија ќе можат да се купуваат онлајн на kupikniga.mk)      

Кратко за издавачката куќа:
Издавачката куќа „Табернакул“ е основана во 1989 година. На 16 декември 2014 година, во киното „Фросина“ во Скопје била одржана свеченост на која бил прославен 25. роденден на „Табернакул“

Кратко за издавачката куќа:

Издавачкиот центар ТРИ е основан на 23 ноевмри 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметна како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè поради неговата ориентација кон книгите што се најактуелни во светот. Денес ТРИ ја продолжува својата мисија – секогаш да биде во чекор со актуелните случувања на светската книжевна и културна сцена! Како свој приоритет си ја поставивме целта да ја направиме книжевноста достапна до сите  – за да ги прошириме хоризонтите, да се доближиме до светот, духовно да се збогатиме.

Кратко за издавачката куќа (пишува на нивната официјална страна во делот За нас):  

Темплум, како некаква мала самиздатска работилница, или како една радикално алтернативна институција во однос на постоечкиот систем на културни институции во Македонија, на неформален начин постои од 1990-та година.
Од 1993-та, во формалните рамки на студиото за графички дизајн “Кома“, почнавме и званично да излегуваме на пазарот и во јавноста.
Од 1993-та до 1995-та година, во неколку едиции (Постмодерна, Локална сцена, Жанрови…) објавивме педесетина џепни книги, главно до 100 страници, и во тиражи од околу 300 примероци по наслов. Меѓу другото, прв пат на македонски беа претставени Данил Хармс, Хулио Кортасар, Владимир Набоков, Томас Пинчон, Дашиел Хемет, Емброуз Бирс, Франц Кафка, Вилхелм Буш, Жан Бодријар, Франсоа Лиотар… Во тој период објавивме и околу петнаесетина дебитантски книги на млади македонски автори…

Кратко за издавачката куќа:


Ѓурѓа е првата независна издавачка куќа во Македонија, присутна со своите многубројни изданија веќе 31 годинa. Нашата куќа е одамна профилирана и препознатлива по цивилизациските и трајни вредности на делата и авторите што ги издаваме, а кои се неопходни во секоја национална култура. Првата книга со нашиот знак излезе од печат во 1987 година. До денес имаме објавено над 1.000 наслови, од сите области на литературата и на науката, кои се наш своевиден заштитен знак. Изборот на насловите е поврзан со една основна нишка која, иако се движи низ различни жанрови, ги следи трајните културни вредности. Имено, таа константа на изданијата на Ѓурѓа се потврдените вредности на делото и на авторот, без оглед на тоа дали станува збор за убавата книжевност, науката, публицистиката или уметноста. Во последниве пет години во нашите издавачки планови претежнуваат големите класици на реализмот, модерните класици, делата од класичната и римската уметност. Со своите реакции, голем број читатели покажуваат дека се задоволни од нашиот избор.

Кратко за издавачката куќа:

Книгоиздателството Макавеј е формирано во 2000 година во Скопје и од основањето презеде акција за проширување на македонските издавачки содржини, со цел да ја обнови и да ја интензивира книжевната комуникација со читателите и институциите, овозможувајќи им да добијат квалитетни изданија со високи вредности. Книгоиздателството Макавеј од 2006 година е организатор на Македонската книжевна визита во Софија, меѓународен книжевен собир на истакнати поети, прозаисти, и книжевни научници и издавачи од Р. Македонија и Р. Бугарија. Книгоиздателството Макавеј од 2007 година го издава специјализираното списание за литература и култура Книжевно Житие.

Кратко за издавачката куќа:

НАМ ПРЕС е македонска издавачка куќа основана во 1993 година. Започна да работи како мала компанија, за денес да прерасне во издавачка куќа со 5 свои месечни списанија кои континуирано се издаваат повеќе од 15 години , како и голем број на издадени книги од македонски и странски автори.

Кратко за издавачката куќа:

АНТОЛОГ – Скопје е книгоиздателство првпат основано на 7 јули 1999 година, од страна на македонскиот писател Александар Кујунџиски. Овој датум истовремено e формален почеток на една дамнешна бизнис-идеја, но и продолжение на една долга и разновидна уметничка традиција. Сè до 1903-тата година во семејното стебло на Кујунџиски се впишани неколку генерации златари-кујунџии, чии филигрански ракоделија денес се втопени во морето на креативниот гениј на македонскиот народ. Хуморот, сликарството, актерството, уметничката фотографија, исто така, се дел од меморијата и оставината на Кујунџиски. Но, Зборот е оној кој отсекогаш бил наша првична и основна инспирација. Зборот преточен во книжевност, belles-lettres…

Кратко за издавачката куќа:

Тримакс Картографија е основан 2000 година во Скопје, Македонија .
Од тогаш работи во областа на картографско издаваштво и дистрибуција на печатени материјали и училишни помагала.
За квалитетот на производите на Тримакс заслужни се и надворешни стручни соработници од ПМФ, наставници и професори од основни и средни училишта од земјата и странство.
Издаваштвото во картографската дејност се состои од: авто карти и авто атласи, планови на градови, туристички карти и водичи, географски атласи, училишни карти и помагала, неми карти, ѕидни карти итн. Eлектронска форма на карти (вектор и растер) или Web ориентирани. GIS и GPS примена на картите.
Дистрибуција на сите помагала и наставни средства до училиштата по предметите: Математика, Физика, Биологија, Хемија, Географија, Историја, Физичко.

Кратко за издавачката куќа:

Големиот обем на издадени книжевни дела поврзани со домашните проекти, во 2012 година, ја наметна потребата за комерцијализација на издавачката дејност на Конгресен сервисен центар – Полица. Визијата е да се зголеми бројот на комерцијална изданија, и да се збогати пазарот со нови и атрактивни наслови. Имаме востопставено контакти со врвните издавачки куќи во светот, со цел секогаш на читателите да им понудиме добри наслови.

Кратко за издавачката куќа:

Издавачката куќа „Магор“ е основана во 1992 година. Седиштето на „Магор“ се наоѓа во Скопје, на ул. „Црвена вода“ бр. 28. „Магор“ е член на Балканското здружение на издавачи, како и македонски претставник во фондацијата „Балканика“, која ја доделува истоимената книжевна награда.

Кратко за издавачката куќа:

Издавачката куќа КУЛТУРА А.Д. е формирана во 1945 година и денес со гордост може да се каже дека претставува бренд во издаваштвото во Македонија. Во својата долгогодишна издавачка дејност, почнувајќи од своите скромни почетоци кон средината од минатиот век се до влезот во новиот милениум, Култура објавувала и објавува книги од сите видови жанрови. Затоа денес Култура продолжува да чекори по добропрепознатливата насока во издаваштвото, трудејќи се да остане што е можно повеќе во чекор со современите трендови во светското издаваштво, да ги следи актуелностите во издавачката индустријата, и да излезе во пресрет на потребите на современите читатели.

Кратко за издавачката куќа:

Квалитетна светска и домашна литература со високи вредности и ниски цени.

Кратко за издавачката куќа:

Издавачката куќа ЕДУКА МАК е формирана во 2013 година, која со својот прв издавачки потфат – списанието за деца СМЕШКО, ги освои децата и се промовираше пред македонската публика како современа издавачка куќа, која со помош на своите соработници зачекори во создавање и издавање едукативни наслови за деца.
Подоцна создаде и други книги наменети за децата од предучилишна и раноучилишна возраст, создаде дидактички средства, методски засновани, со цел преку нивните содржини да се развива логичкото мислење кај децата, да се поттикне развојот на моторните способности, да се усвојат нови поими, сообразени со возраста.

  • АРС ЛАМИНА (Арс Либрис, Арс Либи, Попули и Литература.мк) http://www.literatura.mk/

Кратко за издавачката куќа:

Арс Либрис е издавачка куќа од Скопје која се стреми да им ги доближи светските автори на своите читатели.

Кратко за издавачката куќа:

Компанијата „Бата прес“ како новинска агенција е основана 1992 година. Во почетоците дејноста беше широка. Во 1996 беше издадена првата книга. Оттогаш, па до 2011 година „Бата прес“ продолжи со издавање книги, претежно од афирмирани македонски автори и преводи на книги од соседството. Од 2011 година дојде до промена на организациската структура на компанијата и беше поставена новата мисија во која главен збор има издаваштвото. Инспирирани од вредноста на книгата, поставена е нова мисија, во која создаваме книги кои ја поврзуваат креативноста на авторите, со желбата за читање на неуморните љубители на книгата. Ние ви нудиме да влезете во еден поинаков свет, создаден од книгите. Нашата визија е да ја подигнеме свеста на младите за вредноста на книгата. Од суштинско значење на Книгоиздателството е да се издаваат книги со висок квалитет. Без разлика дали се работи за белетристика, поезија или некоја документарна книга. „Бата прес“ има визионерска цел да создаде стандард на книгите еднаков на стандардите на најуспешните светски издавачки куќи.

Кратко за издавачката куќа:

Книготека Икона е основана во 2001 година. Икона е увозник и дистрибутер на: КНИГИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК. Соработуваме со водечки издавачки куќи во Велика Британија, Германија и САД (Penguin/Random House, DK, Harper Collins, Orion Group, Usborne, Egmont, H.F. Ullmann).

Кратко за издавачката куќа:

Издавачката куќа “АЛБИ” е основана во 1992 година, и е специјализирана за издаваштвото на учебници и дополнителна опрема во Македонија.

Кратко за издавачката куќа: нема податоци

Кратко за издавачката куќа:

ИЛИ-ИЛИ е издавачка куќа која е насочена кон објавување преводи на современи светски автори. Исто така, нашата почитувана едиција ПРОаЗА ја проширивме и со објавување на млади домашни автори, кои со својот интересен ракопис го збогатуваат фондот на македонската литература и кои во меѓувреме се закитија со неколку значајни награди (Роман на годината на Утрински весник (“11 жени”), Роман на годината на ДПМ (“Резервен живот”). Од неодамна започнавме и со есеистичка едиција во која објавивме значајни книги од современите светски филозофи и теоретичари.Во рамките на издавачката куќа функционира и истоимената книжарница, која во последниве десет години стекна широк круг на читатели, кои знаеја да ја препознаат квалитетната понуда на преводна и литература потпишана од новата генерација на македонски автори.

Кратко за издавачката куќа:

Издавачката куќа “Топер” егзистира уште од 1992 година.Нејзин раководител од самиот почеток е Томислав Станојевиќ, а брои 12 вработени. “Топер” во Скопје има 4 книжарници на атрактивни локации, а изданијата на “Топер “ можат да се најдат и во преку седумдесет други продажни места низ Републикава. Основна дејност на “Топер” е издавање литература за деца, и тоа преку картонски сликовници за најмладите до енциклопедиски изданија за деца и возрасни. “Топер” , како еден од најконкурентните издавачи на пазарот кај нас, се води од идејата на нашата читателска публика секогаш да и понуди најквалитетни изданија од повеќе области, за да нашите читатели имаат широк избор од профилираната понуда.
Покрај белетристика, класична книжевност, прирачници, наслови од популарната психологија, сликовници и книги за деца, едукативни книги, речници, посебно место заземаат бројните енциклопедиски изданија.
Во последните 3-4 години “Топер” интензивно работи литература за деца и на албански јазик.

  • НОВА – Здружение за НАУКА и КУЛТУРА

Кратко за издавачката куќа (здружение):

Основна дејност на Здружението „НОВА“ претставува издаваштвото, организирањето на книжевни фестивали и промоции на книги, како и остварувањето на најразлични видови на меѓународна книжевна соработка.

АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, набрзо скокнавме во бурните преведувачки води и, пловејќи по бранот на барањата на љубителите на пишаниот збор, денес сме сосредоточени на тоа да ги приближиме врвовите од стручната литература и ѕвездите меѓу книжевните дела до македонските читатели. Започнувајќи со книжевни преводи, на читателите им ја отворивме вратата кон светот на поезијата и прозата на славните творци. Негувајќи го преведениот збор, подготвуваме книги за да ве разгалиме и да ве разонодиме, но и да понудиме книги што вечно ќе ви останат во сеќавање. Нашата визија е да ви понудиме пријатна оддишка исполнета со приказни за големи љубови, историски пресврти, мрачни светови, потресни судбини и возбудливи авантури. Со слушање на вашите желби, и натаму ќе работиме да ги донесеме вашите „најдобри другари“ од книжевниот свет до вашите полици во најкраток рок и по најповолни услови со квалитет што ја заслужува вашата доверба.

Кратко за издавачката куќа:

Бегемот е издавачка куќа основана во 2009 година и примарно посветена на објавување книжевна фикција. Корпусот објавени книги изнесува повеќе од 80 изданија соодветно организирани во неколку серии. Во нив се вброени автори од светскиот книжевен канон, како Борхес, Гомбрович, Шулц, Булгаков и Вајлд, како и современи автори кои ја дефинираат книжевноста на нашето време, како Алис Манро, Маргарет Атвуд и Шчепан Твардох. Сепак, покрај основната сосредоточеност на издавање прозна фикција, во Бегемот посветуваме значително внимание на нестандардните жанровски потфати и на генерално помалку застапените книжевни жанрови како литературна репортажа и детска литература. Упорноста во овој потфат нè има доведено до приопштување на македонски јазик на класици како Ришард Капушќински и Светлана Алексиевич, како и до битни пробиви во областа на квалитетната илустрирана литература. Прегледот на досега објавените книги е достапен во веб секцијата Изданија, како и во каталогот на Бегемот.

Кратко за издавачката куќа: нема податоци


Кратко за издавачката куќа:

Ние живееме за книгите. Нашата цел е да им го понудиме најдоброто што постои на нашите читатели: најдобрите книги, најдобрите преводи, најдобрите понуди и сето тоа по прифатливи цени.

Листата не е комплетна, доколку постои друга издавчка куќа која не сме ја спомнале слободно споделете со нас во коментар, ќе ја вметнеме.

Кратко за издавачката куќа:

Културна установа Блесок е формирана во февруари 1998, а судски е регистрирана во септември 2000 година
„Блесок – литература и други уметности“ е меѓународно списание за… па, за литература и други уметности. „Блесок“ е првото европско интернет списание за култура и уметност. Првиот број на „Блесок“ излезе на 12-ти март 1998.
„Блесок“ излегува на секои два месеци, на македонски и на англиски јазик.

Advertisements

3 comments

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.