Oбјавен нов број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“

Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура деновиве го издаде новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.

Списание „Стремеж“


Списанието „Стремеж“ засега го има во училишните библиотеки на основните и средните училишта во Прилеп, во сите градски библиотеки низ земјава, во Скопје се продава во книжарниците Или-Или и Матица Македонска, во Прилеп во книжарницата Викели, а наскоро можеби и ќе го има и во книжарници во други градови. 

Во рубриката Поезија во вториот број на „Стремеж“ за 2018 година се објавени нови песни од Катица Ќулавкова, Линдита Ахмети и од Николина Андова-Шопова.

Во рубриката Проза читателите можат да го прочитаат расказот „Песна“ од Блаже Миневски, извадокот од романот „Кај што реката го бакнува небото“ од Билјана Тинтоска и расказот „Зошто венеат цвеќињата“ од Иван Антоновски.

Во рубриката Нови гласови, „Стремеж“ во вториот број ја промовира поезијата на младиот македонски автор Борислав Јарчевски.

Во рубриката Препеви, преводи во овој број на списанието се објавени песни од словенечкиот поет Иван Добник препеани на македонски јазик од Драгана Евтимова, поезија од турскиот поет Гокченур Челебиоглу во препев на Игор Исаковски и песни од германската поетеса Нора Гомрингер препеани на македонски од Зоран Радически.

Во рубриката Критики, есеи, студии Максим Каранфиловски пишува за зборникот „Како го читам Конески“, Лидија Капушевска-Дракулевска се осврнува на поетската книга „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски за која авторот ја доби престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, а Габриела Стојаноска-Станоеска пишува за митските фигури во прозата на Тања Урошевиќ.

Во последната рубрика IN MEMORIAM е објавена био-библиографија на академик Милан Ѓурчинов (1928-2018) и неговиот текст „Можности и перспективи на вредносната критика во современата литература“, како и освртот од Бобан Карапејовски за неговиот живот и творештвото на овој критичар и есеист. Исто така во оваа рубрика е објавена и био-библиографија на драмскиот писател, сценарист, преведувач и универзитетски професор Горан Стефановски (1952-2018), извадоци од неговите драми во избор на актерот Димитар Ѓорѓиевски од театарот „Војдан Чернодрински“, како и текстот „Писмо до човекот кој беше пред своето време“ од Иван Антоновски.

Извор: http://infokompas.com.mk

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.