Нов почеток

За сите луди работи
и оние кои изгледале невозможни,
а се случиле,
за сите солзи
и оние насмевки што лекуваат,
за сите непроспиени ноќи
и оние денови во кои се будиме наспани,
за сите исполнети цели
и оние кои допрва ќе се исполнуваат,
за сите планови
и оние желби кои не се реалност,
за сите сонови
и оние фантазии што ги сонуваме,
за сите препреки
и оние камчиња на кои се сопнуваме,
за сите потешкотии
и оние нешта кои со леснина ги правиме,
за сите извици
и премолчени зборови,
за сите воздишки
и оние треперења,
за сите кавги
и оние слатки смирувања,
за сите мигови кои поминале
и оние кои следуваат,
за сите нови искуства
и оние кои со нетрпение ги очекуваме,
за секоја надеж и верба
и во најтешките денови,
за секоја болка
од која созреваме,
за секоја тага
од која научуваме,
за секој недостиг
со кој учиме да живееме,
за секоја тишина што ќе ја посакаме
со гласни емоции ја доживуваме,
за секоја песна што ја пееме
со свој печат ја обојуваме,
за секоја подадена рака
еден цел свет спасуваме,
за секое подарено време некому
спомени градиме,
за секоја нова шанса
со отворен ум да ја искористиме,
за сите патувања заеднички
неизбришливи слики создаваме,
за сите победи и порази
лекции учиме,
за сите премостувања и премрежиња
градиме нови патишта
по кои ќе чекориме.
За сите нас,
за сите вас,
за тие овде
и тие таму,
за тие насекаде,
за тие кои се осамени
или несреќни
и оние кои блескаат од среќа,
за тие кои се вљубени
и оние кои чекаат да се вљубат,
за тие кои се сиромашни
и оние кои се богати,
за тие кои се будни
и оние кои упорно мижат,
за тие кои се различни
и оние кои почитуваат разлики,
за тие кои се убави
и оние кои не мислат дека се,
за тие кои изгубиле доверба во некого
и оние кои веруваат секому,
за тие кои посакуваат
и оние кои остваруваат,
за тие кои се искрени
и оние кои ја сокриваат вистината,
за тие кои сакаат животни
и оние кои се грижат за нив,
за тие кои се болни
и оние кои се молат за нив,
за тие кои виделе пекол
и сè уште веруваат во рајот,
за тие кои веруваат во себе
и оние кои се несигурни,
за тие кои се оптимисти
и оние кои имаат најцрни мисли,
сите подеднакво
заслужувате блескави моменти,
мир во душа,
спокој и слобода
да бидете свои,
уникатни и единствени,
ви посакувам
огромно смирение и трпение
и кажете ѝ збогум на оваа
и посветете се
на новите 365 шанси
кои ви ги носи новата година!



Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.