Сон – Весна Шереметкоска

   Неделно јануарско утро. Ме разбуди непријатно чувство, силна болка во средината на двете дланки. Зачудено на своите гради си ги видов рацете цврсто стегнати во тупаница. Ноктите длабоко закопани во меките дланки. Сакајќи што побрзо да се ослободам од болниот стисок набрзина ги отворив и видов црвени бразди, траги  кои долгите и оштри нокти ги направиле сечеќи ја линијата на животот. На средината на дланката крст. Уште ме боли. Залудно се обидував да се присетам на тешкиот сон кој ми остави толку силна трага. Не вреди. Не успевам  да најдам одговор на прашњата:

Каде ме одвлечка тешкиот вител на потсвеста, со кого и зошто цела ноќ сум се борела? Зошто и после сонот се разбудив со стиснати раце? Што значи крстот на моите дланки и од какво зло ме одбрани?

Уморна и тешка како планиина се извлеков од топлата постела која уште ја брануваше тешкиот сон, и тргнав во пресред на зимското утро. Со шолја кафе застанав до прозорецот загледана во снежниот прекривач кој трепереше под сончевото утро. Белината на снегот одамна ја разбила црнината на ноќта. Мислите ми летаат во рој за сонот, крстот на дланката, дали имаат некакво значење, и какво. Нескротлив немир во мене.

Зошто денес? И овај ден е ист како и онај вчера.

Мал ми беше просторот за ширината на моите мисли. Недела. Немав никаков план. Црква. Прво што ми падна на памет беше да одам во црква. Да ќе одам, крстот на дланката, црква, логично.

Тивко и свечено тргнав во пресред на денот несакајќи било што да ми го поремети планот. Се движам кон автомобилот. Стапалата оставаа траги во снегот, а во студениот воздух останува трага од мојот топл здив, но само на кратко. Возам кон црквата, штотуку разбудена како од транс, одеднаш приметувам мноштво пешаци и нервозна колона на автомобили. Бучен мравјалник. Неуморно, безобзирно продираат кон своите цели. И јас стигнав до цвојата  цел. Го поставив автомобилот на паркингот и тргнав кон влезот на црквата заштитуваќи се со облеката од ладното јануарско утро. Во црквата уште поладно. Промаја која како да сака да ги разнесе и прочисти сите грешни мисли и секоја сомнеж од Божјата куќа.

Во огромната просторија ромори гласот на свештеникот. Вниманието ми го одвлекоа  прекрасните длабокорези со религиозни мотиви, вградени многу одамна од спретната рака на незнаен мајстор.

Боже, со колку љубов е направен  и најмалиот детел. Секој лик издишува топлина, нежност и бескрајна љубов, која сигурно и самиот мајстор ја имал во себе. Неговата душа сè уште како  да живее во овие дела.

Одеднаш до мене допра гласот на свештеникот:

-Срќни се оние кои умреле! Среќни се оние што околу себе смрт виделе!

Се наежив. Не од ладното утро, туку од таквата ,,среќа“. Тешко ми е да сфатам, а камо ли да прифатам такво нешто. Смрт! Физичка смрт, како среќа.

Се во мене врескаше: ,,Јас сакам живот“.

Боже дали сум грешна порди ваквите мисли, полоша од оние кои поинаку размислуваат?

-Смртта е заминување во вечен живот – повторно гласот на свештеникот допира до мене. Заминување?

Зар заминувањето не боли? Зар би требало да се радувам и да посакувам тоа заминување што побрзо да се случи?

Се обидувам да ја сфатам смислата на таквата порака ама не ми успева.

Излегов од храмот и пред моите очи една секојдневна слика на обичниот, стварниот свет.  Гледам во лицата на луѓето кои штотуку излегле од Божјот храм. Повеќето насмеани. Дали радост и олеснување им дала лажицата утеха во реценицата ,,Смртта е заминување во вечен живот?“ Дали ги радува што се уште тука живи, стварни, што уште не заминале?

Полека се движам кон автомобилот и сè уште размислувам за заминувањето….

Покрај паркингот еден голем контејнер. Прполн е. Ѓубрето се претура од него.

Човек четириесетина години облечен во износена и нечиста облека, седи на својот велосипед  грозничаво чепка по ѓубрето. После божиќните празници дел од храната од богатите трпези, сега нему му се на дофат на рацете. Вади од кесите остатоци храна и лакомо ги става во устата. Вади шише во кое останало малку сок и го испива до последна капка. Насмевка , среќа и задоволство на неговото лице. Блаженство во него, а во мене длабока тага и прашање:  Боже зар не е пострашна смртта за време на животот?  

Автор: Весна Шереметкоска

Advertisements

One comment

  1. Боже, со колку љубов е направен и најмалиот детел. Секој лик издишува топлина, нежност и бескрајна љубов, која сигурно и самиот мајстор ја имал во себе. Неговата душа сè уште како да живее во овие дела.
    Прекрасни чувства

    Ми се допаѓа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.