Болка – Сотир Чаушевски

Во Битола има една улица, кој еднаш дошол, застанал во неа и погледнал низ улицата и во убавите битолски чупиња, тој секогаш ќе се навраќа во таа улица Широк Сокак наречена.
Со приказни безброј, разделби и средби, со солзи, насмевки, прегратки слатки кои ја стоплуваат душата, но и настани кои ја замрзнуваат душата. Тоа е Широк Сокак.
Крие тој многу тајни. Секоја плочка, секое светло, секој дуќан, дал бол или радост донел.
Јас секогаш сакав кога Битола доаѓав таму денот да го минам. Интересно ми беше, од мал град, градче што би се рекло, одеднаш во град во кој толку народ се слива по таа улица која неизмерно ја сакав.
По цел ден ме чекале моите најблиски по мајка роднини, но јас со вперен поглед во убавите девојќи кои шетаа, се кикотеа ил си раскажуваа заборавав кај дедо ми дома да си одам. И ако одев, одма пак назад сакав да се вратам.
Мал бев, се сеќавам, пред мене така разиграно помина едно младо девојче, со насмевка на лицето и се погледна во мене.
А, јас замрев, тоа девојче мало, така убаво, со шарено фустанче и бели чевличиња и чорапчиња, срцето ми го растрепери.
Се погледна во мене и добар ден ми рече, но замина брзо без поздрав и само насмевката ми остана.
Сè до еден ден кога зад мене застана.
Ме гибна и разговор со мене почна.
Од кај си?- ме праша.
И кажав со радост, а тоа цело време во бастунот и високиот чевел што го носев гледаше, но ништо не прашуваше.
Името ми го кажа и имам 7 година ми рече. Знам кој си и кај си дојден ми рече, те гледам секој ден кај црквата свети Димитрија. Ќе сакаш ли другар да ми бидеш?
Толку брзо зборуваше, збор не ми даде да кажам.
Радосно прифатив, никогаш не ме праша за бастунот, нити за чевелот, нити навреда ми прати.
А, толку беше убаво девојчето мило, со насмевка на лицето, со плетенки на косата, со шареното фустанче, белите чевличиња на Широк Сокак шетавме. Раката ми ја фати и така ме држеше, детска љубов никна.
И секојдневно бевме заедно
А, јас секое лето одев во Битола и на Широк Сокак седев, пораснавме, девојката убавица правa,
Во телото здрава, со насмевка која душата ти ја пара. Не се оделуваше од мене.
А јас……јас само се прашував што ли е ова. Љубов, пријателство, другарство ли е?
Но, таа ме сакаше, очите ѝ светеа. Имавме свое место, светло и коцки, плочки и излог на дуќан во кој гледавме смело, весело, насмеано.
И Широк сокак со нас се смееше, сè до еден ден кога девојката повеќе не ја видов, мислев дека не сака мене да ме види, ја барав, ја немаше, прашував, одговор не добивав, но не беше така, одев кај дедо ми со мака и тага и видов на бандера една во некролог една слика и веднаш солзите ми бликнаа и никогаш не ја заборавив мојата мала од Широк Сокак во Битола.
Мртва беше, а и јас заедно со неа и многу, многу години не застанував на Широк Сокак.
И сега кога одам солзите сами си паѓаат, без да ги викнам, цвеќе секогаш на гробот и носам и знам дека не ја заборавив и во овие доцни години.
Се сеќавам беше прекрасна како млада девојка, но не можам да ја заборавам како мала, со шарено фустанче, чевлиња бели и плетенки со пеперутка направени.
А, нејзината рака ставена во мојата сè уште топлина ми дава.

Автор: Сотир Чаушевски

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.