Доаѓа Божиќ, а тебе те нема – Ружица Стојановска

Како елегантна госпоѓица со посебен стил зимата ја трга облеката од дрвјата.
Ѝ се испреплетуаат прстите околу лисјата и одеднаш расте возбудата кога истите ќе ги довлечка до земја, шепотејќи им колку се посебни и единствени. Белите снегулки се пластат на рабовите од прозорците, прекривајќи ја природата и обојувајќи ја во бело, заведевајќи го ладниот ветер со својата магична убавина. Се создава театарот на природата, идила од една возбудлива, зимска, љубовна игра, а јас и годинава те откривам во секој нејзин чин.

Уживам да те откривам некаде во ноќта кога сите спијат. Во танцот на снегулките, воздишките на ладниот воздух, во мојата поматена свест додека спомените блескаат во моментот на самотијата. Те откривам во боите на светилките кои блеснаа во градот… Мојот ден е исполнет од мигови на твоето губење и откривање, така неуморно се забавувам цели години. Додека ненадејно те откријам, ти наеднаш ќе се изгубиш. Овој град те сокрива некаде и те содржи како небото што ја содржи бескрајноста. Те чекам да се појваиш од нигде никаде, во миговите кога посакувам да побегнам и од сопственото срцебиење, знаејќи дека никогаш повеќе нема да ја отвориш вратата и да го донесеш новогодишното пакетче, да ги рашириш рацете и да ме земеш во прегратка. Сè уште те барам знаејќи дека нема да те пронајдам откако студениот декември ми те заема само еднаш, но засекогаш. Не ти дозволи да ги доживееш моите први стихови и да го помирисаш мирисот од моите нови книги. Не ти дозволи да запливаш низ водите на староста додека сè уште дишеше спокојно. Не стигна да ја сетиш радоста како е да се биде дедо на четири внуци. Секогаш се тешам со помислата дека можеби Господ еден ден ќе ни даде барем здив време, за да ја спуштам котвата на брегот од срцето и да не те пуштам да заминеш повторно.
Веќе ослободен од болките и страдањата кои ти го отежнуваа дишењето. Ѕвездите ќе ти го осветлуваат патот до твојот вечен дом од каде за нас ќе се молиш, оти знам дека нема да не заборавиш. Ќе сонуваш во тишина од длабок сон покриен од копнежи по изгрејсонцето. Ангелу мој. На крај останува само да те уловам во ненамерните минувачи, далеку од тажни мисли, мрачни соби и расплакани погледи, омилените соништа во кои повторно ќе се среќаваме и единственото она што те одржуваше во живот – неизмерната љубов кон луѓето кои длабоко ти оддаваа почит, љубовта кон баба ми, внуците, твоите две прекрасни деца и студениот крај на декември 2013-та.

Не е поинаку денес. Не беше поинаку ниту еден друг декември.
Велат „Кај и да си, за Божиќ дома да си:“, а ти никогаш повеќе дома нема да се вратиш. Те испраќаме секој декември, но никако да те пуштиме. И годинава ќе недостигаш за Божиќ, твоето место ќе остане празно, колку и да си велиме дека си овде. Те нема и болиш сè повеќе и повеќе како времето поминува.
Недостигаш, а не можам да ја видам ни твојата силуета. Само контурните линии од твоето тело, кои ги пишуваат стиховите во мојата поезија.
Твоите изнемоштени раце и безживотниот поглед. Болиш секој декември и ќе болиш, колку и да се надевам дека еден ден можеби ќе стивне таа болка.
Имам уште многу што да ти кажам, но мојта свест сега не ми го дозволува тоа.

Те молам за прошка мој дедо, затоа што не стигнав да се поздравам за последен пат и да ти кажам колку те сакам.

Со љубов засекогаш, твојата внука.

Онаа на која се сеќаваш. Оти на другата никогаш не ѝ се порадува.

Автор: Ружица Стојановска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.