Ветување – Елеонора Павловска

Се сакаа… Љубовта за нив двајца беше нешто најсвето.
Кога и да се погледнеа очите им блескаа од радост, телата им трепереа како пеперутки во својот прв лет, а пак срцата го играа најубавиот танц на љубовта, чиниш се споиле во едно…
Многуте години заедно само ја зајакнаа уште повеќе љубовта која ја чувствуваа еден кон друг. Сè беше вистинско само времето не. Во тој период владееше војна и беа повикани сите мажи да се приклучат во тоа. Дојде денот кога и тој требаше да замине. Цела непреспиена ноќ помината заедно не им беше доволна да се разделат. Зазори зора… Време беше да тргне…Таа со солзи во очите и најсилни прегратки го испраќаше својот љубен со надеж дека повторно ќе го пречека здрав и жив.Тој вешто ги криеше солзите, не сакаше да попушти и да ја растажи уште повеќе. Му рече дека го сака и дека ќе го чека, се заколна дека ако нешто лошо се случи никој нема да го заземе неговото место во нејзиното срце и дека ќе остари сама. Тој ѝ вети дека кога ќе се врати ќе ја побара нејзината рака и замина. И после година дена таа секој ден го изведуваше истиот ритуал.
Стоеше на прозорецот и гледаше во далечина со надеж дека тој ќе се појави од некаде и ќе продолжат од каде што застанаа. Минаа години… Војната заврши… Од сите оние лица кои се вратија од војната таа не го пронајде она лице кое го испрати. Времето непрестајно течеше, нејзиниот сакан не се врати, сите нејзини другарки веќе беа мажени и имаа свои деца, но и покрај притисокот од нејзините родители таа не го заборави ветувањето кое му го даде нему.
Реши да замине во друг град подалеку од очите на луѓето кои ја гледаа со сожалување. Се пресели во новиот град каде планираше остатокот од животот да го помине сама, мораше да најде и работа за да се издржува себеси.
Се вработи како чистачка во еден голем хотел…
ПЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ ПОДОЦНА Еден вообичаен ден на работа,сосем случајно по скалите од хотелот се судри со еден човек, не осудувајќи се да го погледне во очи бидејќи судејќи по облеката претпостави дека е еден од оние богаташи кои престојуваат тука, само се исправи и тивко кажа – ”Извинете”.. Но, погледите се вкрстија, а тој поглед ѝ беше познат.. Телото и трепереше како пеперутка во својот прв лет, а срцето го играше најубавиот танц на љубовта..Да! тоа беше тој, нејзиниот сакан кој пред многу години замина во војна, тоа беше тој, здрав и жив. Но, занесеноста ѝ ја прекина едно детско невино гласче кое извика- ”Татоoo!” Детето заедно со за нејзе непозната жена го чекаа на излезот.
Таа не можеше да поверува во она што го виде, со насолзени очи го погледна и тешко изусти само едно- ” Зошто? ”, а неговиот одговор беше – ” Прости ми ”… Таа ноќ беше најтешката ноќ во нејзинот живот, реши да прифати дека оној кој пред многу години го испрати во војна е мртов, полесно ќе ѝ биде така отколку да го прифати она што го виде… Се прашуваше дали е можно луѓето да се толку сурови, да заборават за миг нешто што им било толку многу важно и своите ветувања да ги згазат како суво есенско ливче…

Автор: Елеонора Павловска

Advertisements

6 comments

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.