Таткото – Јована Јаневска

Утро, мрачно и врнежливо. Замаглени стакла,поспани луѓе, стуткани раце во џебови и утрински весници кои одамна се предалена влагата. Гужва во малиот ресторан крај патот. Редица гладни луѓе веќе гочекаат својот доручек. Некои и премногу нетрпеливо го чекаат својот доручек,без да почувствуваат дека и за оние кои го подготвуваат нивниот доручек исто еутро, замислете исто толку врнежливо и поспано какво што е нивното. Патници.Иако утро, веќе уморни возачи и перфектно нашминкани госпоѓи, со кафе во рацетего бараат своето место во убаво уредениот ресторан крај патот. Свежи маргаритигордо стојат во вазните, бели маси и големи прозорци, преку кои се гледа градотод периферија. Тивка музика и гласни луѓе. Од стаклената врата влегува човек,одвај четириесет години, со капки дожд на лицето и палтото. Во едната рака држичадор од кои се цеди водата, а другата рака ја држи во воздухот, небаре држидетска рака до себе.
Луѓето се премногу зафатени за да забележат било што. Луѓето се премногузафатени со своето кафе, луѓето се премногу зафатени со својот доручек, луѓетосе премногу зафатени со својот телефон, лап-топ, планер, чанта, чевли, себе.Луѓето всушност се премногу зафатени со себе си, упорно избегнувајќи дапогледнат во очите на другиот. Човекот се доближува до касата насмевнат,правејќи место до себе. Нарачува, кафе за себе и доручек за дете бирајќи говкусот на сокчето. Го зема послужавникот во едната рака и повторно другатаостанува да лебди во воздухот. Оди кон масата до прозорецот, онаа која гледакон ветерниците. Го остава послужавникот на маса и се враќа кон аголот каде штосе наредени четири дрвени, свежо лакирани столови за малечки деца. Го земаедниот и го става спроти себе. Го остава кафето за себе, а целиот доручек ималото сокче го става пред празниот стол. Дел од луѓето гледаат во него.Глетката е моќна, доволно моќна да ги остават своите телефони, недовршеникалендари и планери. Гледаат во одвај четириесетгодишниот човек со испиено лицеи насмевка, онаа насмевка која ја имаат само луѓето кои ја преживеаленајголемата тага. Човекот разговара со празниот стол. Сосем природно и смиреноговори со малечкото дете кое не го гледа никој, освен тој. Но, тоа малечко детечинам постоеше во главите на сите сведоци кои тоа утро се најдоа во истиот малресторан крај патот. Постоеше благодарение на топлината со која таткото гогалеше по глава, подаваше сокче и некакво овошје. Постоеше заради погледот сокој таткото го милуваше празниот стол. Погледите брзо слетуваа на облеката начовекот, на неговиот став и лик. Сите, сите до еден, бараа знаци на лудило. Вонеговите црти бараа нешто што ќе спречи да почувствуваат. Нешто што ќе гопотвди лудилото и ќе ја спречи емпатијата. Сакаа да ја избегнат болката од таасцена. Но, чинам наидоа на болка која избезумува, лошо испеглана кошула,полувлажно палто кое човекот не го ни чувствуваше, неспиени очи и голема тага.Наидоа на уште нестивната болка по најмилото, на болка која никогаш нестивнува. Наидоа на рушевина која цврсто се држи за споменот, за споменот одсите обични утра кои го враќаат назад малото и рано заминато дете. Во очите нанеколкумина видов сочувство, на работ на неколку пара очи видов солзи. Нотаткото ништо од тоа не виде. Не би му било грижа ниту целиот свет да запре ида гледа директно во него. Тој упорно гледаше во празниот стол, зборуваше сонего и на момент се насмевнуваше.

И тоа утро продолжи, ниту најголемата тага не го запира времето.
И дождот продолжи да се слева по големите прозорци.
И луѓето го испија своето прво кафе, доручекот беше послужен топол.
Музиката продолжи тивко да свири, луѓето повторно беа гласни.
Само белата маса до прозорецот остана празна.
Таткото го немаше, само недопрената храна и сокчето, тагата по изгубеното чедои еден празен дрвен детски стол.

Автор: Јована Јаневска

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.