Што се крие зад константното „не знам“?

idk

Имаме право да не знаеме. И важно е да бидеме свесни за тоа право. Не мораме во секоја ситуација да знаеме све. Па, дури ни за себе. Сосема е во ред некогаш да не ни е јасно зошто сме постапиле на одреден начин, да не знаеме како се чувствуваме моментално. Да го запознаеш и спознаеш своето битие не е воопшто лесно. Секое ново животно поглавје и секоја нова непозната ситуација и исксутво ни носат можност да сознаеме нешто ново за себе. Иако со себеси сме 24 часа, колоку вистински посветуваме време за да се разбереме себе како личност? Индивидуално е. Некој со себеси се занимава повеќе, некој помалку. А, понекогаш потребно ни е и стручно лице за да би можеле да освестиве некои делови од сопственото битие.

Не сме сите подеднакво емоционално писмени. Понекогаш луѓето доаѓаат за да се спознаат и да освестат спектар од емоции. И навистина не знаат како се чувствуваат во моментот. Кажуваат на пример, дека им е лошо, но не можат конкретно да ја именуваат емоцијата: „Чувствувам вина, омраза, презир, тага…“  Ним психологијата им помага да го запознаат својот емотивен свет и да научат да ги препознаваат своите емоции. Кога сме свесни за своите чувства и кога знаеме каква порака ни испраќаат ќе ни биде полесно и нас за да би можеле да знаеме што да правиме понатаму.

Но, се случува во психолошката ординација да дојдат луѓе кои на голем број прашања одговараат со не знам.

Не знаат како се чувствуваат во моменот, не знаат што мислат за тоа, не знаат зошто нешто направиле… И така, од сеанса во сеанса. Тогаш станува јасно дека не знам е симптом.

Не знам е одговор кој ја симнува личната одговорност. Ако не знаеме зошто нешто сме направиле како да му објаснеме на соговорникот. Ако не знаеме како се чувствуваме како да говориме за своите емоции. Не знам е начин да се сокриеме од давање одговори за себе. Како да преземам одговорност за своите постапки или зборови кога ни сам/а не зна зошто тоа сум го рекол/рекла, направил/а.

И, ако ја тоа не го знам како ти ќе ме натераш да ти дадам било какво објаснување. Не знам е давање отпор.

Комуникацијата во блиските односи со особи кои се скриваат позади не знам, навистина може да биде крајно фрустрирачка.

– Зошто тоа си го направил/а?

– Не знам.

– Како не знаеш?

– Па убаво, не знам.

И што понатаму? За жал, никого не можеме да го натераме на ништо, па така и да пристапат на комуникацијата на конструктивно ниво и да се откажат од своето не знам, ако тоа не го сака. Сепак, сметам дека е корисно да се викне и друга страна за адекватно да се приклучи на разговорот и да ги разгледаат своите не знам одговори.

Стратегиското избегнување со помош на не знам е многу опасно затоа што навистина во комуникацијата многу малку поминува. Соговорникот брзо станува обесхрабрен во барање на конкретно објаснување. А, доколку и притиска, само го засилува отпорот од другата страна. Неретко и самата особа верува дека тоа е дел од нејзината личност и дека ете многу работи за себе не знае.

Меѓутоа, не знам може да се употребува и кога луѓето се уверени дека она што го мислат или чувствуваат е срамно, блесаво, лудо и дека нема да бидат разбрани и/или дека ќе бидат отфрлени поради тоа. Но, и во овој случај не знам дава можност да се остане во пасивна положба и да се задржи статус кво. Значи, користа од прибегнување на чести не знам одговори е токму во одржување на статусот кво, односно или непреземање лична одговорност и/или чување на другите луѓе подалеку од својот внатрешен свет.

И како што рековме на почетокот, не мораме во секој момент да знаеме све. Но, прашањето е дали сакаме да дознаеме или не. Не е проблем кога нешто не знаеме, туку ако не сакаме да научиме.

Не мораме ни себе да се објаснуваме секому. Не сме должни. И не мораме (и не треба) секого да го пуштиме во својот свет.

Сепак, илузорно е да се верува дека ќе се чувствуваме добро во својата кожа ако секогаш се скриваме. Важно е во животот да можеме да застанеме позади она кои сме и што сме, како се чувствуваме, како го живееме својот живот и да стоиме позади своите одлуки што сме ги донеле. А тоа подразбира преземање лична одговорност и е токму тоа патот кој нас нè води до нас самите. На крајот на краиштата, ние луѓето сме социјални суштества и сме поврзани. Понекогаш нашиот живот влијае врз блиските луѓе. Со тоа, понекогаш и имаме обврска да знаеме или барем да тежнееме да дознаеме и да им се објасниме на оние до кои ни е дојдено. Трагајте за своите одговори, затоа што тие баш како и вистината, имаат ослобоудвачки ефект.

Извор

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.