Трагање по мир и припадност или нешто повеќе? – Рецензија на „Годините кога научив да летам“ од Евгениј Хоуп

Се раѓаме без да одбереме во кое семејство ќе се родиме, каде ќе биде тоа, дали ќе живееме во куќа или во стан, дали ќе живееме во град или село, дали ќе имаме браќа и сестри или ќе бидеме единствени деца. За некои работи во животот не можеме да одлучиме туку тие се предодредени уште пред да го вдишеме првиот воздух и го испуштиме првиот плач.

Уште од мали нозе полни сме со илјадници прашања, љубопитноста ни извира од секое делче на нашите мали и кревки тела, па останатите повеќе или помалку пробуваат да ни ја задоволат со раскажување приказни или неуморно одговарање на прашања кои ги поставуваме со брзина на светлината.

Детските замисли и желби не многу често знаат да се пројават и во возрасните години, но во поинаква форма и со поинакви гледишта. Додека растеме работите нагло се менуваат, па додека да трепнеш од мал суперхерој кој се криел под „импровизирани бункери“ направени од ќебиња си станал возрасен човек кој е поставен пред многу животни предизвици кои самиот живот ги наметнува.
На нас останува дали и како ќе одговориме на тие предизвици и дали ќе го негуваме детскиот дух во нас исполнувајќи му желби на заробеното дете внатре во нашето тело.

Од детството некогаш со несигурни, а некогаш со лесни и одлучни чекори летаме кон светот на возрасните без да погледнеме назад, а главниот протагонист Михаил во романот „Годините кога научив да летам“ од Евгениј Хоуп ни ја раскажува неговата животна приказна преку интересни метафорични записи и случки. Со богат опишувачки и раскажувачки тон налик на современите романи на Пауло Коелјо, авторот ретроспективно ни го претставува животниот пат збогатувајќи го со живописни примери од секојдневието како и реални настани кои се случувале за време на неговото детство. Поделен помеѓу три живеалишта уште од мали нозе пробува да се пронајде себеси, а клучниот момент кој што претставува и пресврт во самото дело е кога домот за Михаил никогаш повеќе нема да има исто значење и чувство. Можеби тој клучен момент како пресрвтница во неговиот живот го тера да трага по скриените аспекти од неговото битисување кои еднаш мора да испливаат на површина.

Дали Михаил ќе го пронајде тоа што почнал да го бара во еден одлучувачки момент кога решава со автостопирање да помине илјадници километри без да знае што го очекува на тоа патување?

Претходно, на еден настан Михаил ќе го спознае чувството на меѓусебно припаѓање благодарение на глувонемата девојка која ќе му покаже што значи вистинско телесно и духовно сплотување, а тој нејзиното присуство ќе го чувствува постојано дури и кога таа не е до него. Кога ненадејно исчезнува и ја заборава чантата со едно книжуле, Михаил мисли дека книжулето е наменето за него па присвојувајќи го открива интересни записи, имиња и еден опишан остров чии координати не биле напишани. Тогаш се разбудува љубопитноста и пламнува потребата повторно да се соедини со Алма, а убеден е дека пронаоѓањето на островот ќе го доведе до неа и конечно ќе го пронајде сопствениот мир и ќе ја пронајде сопствената целосна припадност во групата на островските луѓе.

На патувањето кое наликува на впуштање во непознатото без конкретна мапа, но слушајќи ја сосптвената замислена мапа ќе се сретне со неколку ликови кои ќе бидат дел од неговото патување, па вплеткувајќи се во неколку конфликтни ситуации го измачуваат прашања дали погрешил што дозволил да му се придружи „жеништето“ во неговиот подвиг. Емотивните изливи, но и длабоките преисптиувања се само еден дел од неговите авантури.

Постојаното себеиспитување и целата потрага кон скриениот остров наликува на една психолошка борба со самиот себеси, со сопствените конфликти, измачувања, проблеми, прашања, двоумења и замисли, на која само еден може да биде победник. Токму оваа психолошка борба изразена и преку прашања поврзани со личниот идентитет и сопствената припадност, може да се согледа во овој извадок: „Ѕвездестиот отсјај што се наѕираше во бесконечноста над мене ме потпраша дали можам да остварам конекција со мојот личен идентитет. Не знаев што да одговорам, бев толку збунет што никаква помисла не ми паѓаше на ум. Внатрешно изградената слика, за која мислев дека делумно ја познавам, ми изнуди прашање што точно значи да се биде вдомен во еден минлив човечки живот, да се биде скротен и целосен истовремено?“

Номадскиот живот на протагонистот претставува една животна филозофија, филозофија што во себе крие прашања, а одговорите можат да се најдат само со неуморно талкање. Себеизградувањето по патеката на животот, пронаоѓањето на изгубеното и потиснатото сопствено јас, барањето на чувството на припадност и вдоменост, потрагата по сопствениот идентитет, загубените вредности и вредните доживувања, се само дел од авантуристичките „летања“ на трагачот по смисла, на трагачот по сопстевниот внатрешен душевен мир кој мисли дека се крие на островот.

Дали островот ќе му го даде на Михаил тоа што го бара или многу повеќе од тоа?Откријте во овој современ постмодернистичкиот авантуристичко-мистериозен роман на Евгениј Хоуп.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.