Мисли скитачи

e0763beb5df834090332f5d708b818ad
Река

Во совршен танц клепките се спојуваат,
зениците отсутно шараат гледајќи некаде
во други далечини, непознати космоси,
а јас тоа во погледот ти го читам
и молчам.

Некои други универзуми
за нас непознати
чекаат да бидат откриени,
со мистична нота и копнежлива јасност
во погледот твој не се гледам себе.

Мислите ни се скитачи,
трагаме по изгубени височини
некогаш лесно дофатливи,
а сега далечни како ѕвездите.

Во совршен миг на вечноста
вдишуваш мои мириси
впивајќи ги во сопствената кожа,
а јас копнеам за допири што телово
никогаш нема да ги заборави.

По погледот те знам,
од него читам сè што е премолчено,
неискусено, доживеано и посакувано,
како да можам да ја предвидам иднината.

Како да умеам да читам туѓи мисли
чиниш поседувам супер моќи
кои само ме одалечуваат,
како да ѕиркам во фантазиите
кои не знаеш да ги ослободиш,
како да патувам во времето
чиниш живеам сто животи,
а еден ми е премногу,
како да ти ги лекувам раните,
а ти правам уште поголеми,
како да не знаеш што ми треба
кога најмногу ми недостига,
како да си далечно ехо
што го довикува моето име,
а јас гласот не го познавам,
ниту името си го паметам
чиниш сум глува,
а всушност сум уморна.

По погледот те знам,
во него препознавам река
која тече без запирање,
не чека никого и се менува,
со ситни камчиња и ладна вода
од која крвта се заледува.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.