Морнарот што возеше авион

a8778bd4e4b47a6c4a51f11cc8ec5d69

Од мал сонуваше да стане пилот и да биде господар на небото. Не се плашеше од височини дури ни кога се искачуваше на стебла високи до  шест метри. Му раскажуваа приказни за астрономи, коли, жаби што скокаат во бара, кловнови што играат со балони и мачки кои се во чизми. Нему сите тие приказни воопшто не му беа интересни иако му ја развиваа фантазијата.

Си замислуваше како мачките му се качуваат во авионот и седнуваат во седиштата, како жабата станала стјуардеса и кловновите патници кои треба да ги вози горе во височините. „Ќе ги наполниме балоните со бомбони и кога ќе бидиме на одредена висина од земјата ќе ги пуштиме за другите да ги соберат“, си мечташе. Како дете имаше бујна фантазија и безброј желби од кои му се исполни една: стана морнар. Сонот за пилот се модификуваше и со текот на времето претрпи измени при што Хулио стана морнар. Пловеше по морската шир замислувајќи дека е на небо, ги освојуваше морињата, пренесуваше патници и така еден ден ја запозна Јулија која беше капетан на бродот што тој го возеше. Да немаше сини очи како морето по кое пловеа, и да не беше толку заповедна можеби никогаш немаше да ѝ обрне посебно внимание зошто секогаш беше задлабочен во своите мисли и не го интересираа никакви жени.

Со години не се враќаше дома, а девојка не беше допрел со години. За волја на вистината колегите во најголемиот број му беа машки, но и кога не беше на брод не сакаше да се занимава со жени, мислеше дека тие само го губат времето. Патем, Јулија го маѓепса. Или поточно го обзеде. Не, уште поточно е дека го собори. Развија една посебен однос полн со меѓусебна почит зошто првенствено беа колеги, но тој насетуваше дека таа со нејзините сини неба го гледа како тој што гледаше во сликовниците со авиони како мал.

Во политиката на компанијата за која го возеше бродот не беше дозволено меѓу колегите да има никаква поврзаност освен колегијална и официјално пријателска надвор од бродот. Тоа му ги скрши сите надежи на Хулио кој долго време не бил со женско. Требало да се појави Јулија за да сфати дека повеќе не смее да го избегнува женскиот род. И требало да му дава наредби додека тој го вртеше тркалото посакувајќи да го застане бродот на сред море и да ја крене во раце како бело знаме кое би му помогнало да ја признае поразеноста, и да ја бакне како знак на помирување со судбината.

Откако се одлучи што ќе прави, дали ќе ја задржи работата или ќе даде отказ за да може да биде со неа, веќе беше уплатил авијатички часови. Успешно ги помина обуките, имаше токму години за да може да лета, не беше ни премногу млад ниту престар, а и доста добро ги разбираше термините зошто во тинејџерските години ноќите ги поминуваше читајќи книги поврзани со воздухопловството.

Хулио сега веќе беше лиценциран пилот, ги одржа пробните летања и веќе беше спремен професионално да го вози авионот.

Неговиот сон најпосле стана јаве благодарение на Јулија. Сега ги очекуваше жабите да се качат на седишта и да тргне во нови авантури надлетувајќи ги морињата и бродот чијшто капетан беше таа. Освојувајќи ги небесните височини му остана уште една цел: да го освои капетанот на бродот.

7b268af3c457c9c05272cf0e43817dbd

Advertisements

2 comments

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.