Неопходна е посебна општествена поддршка на лицата со тешкотии во читањето

Неопходна е посебна општествена поддршка на лицата со тешкотии во читањето поради постигнување рамноправност и вклучување во сите животни текови. Затоа е важна обуката на персоналот на библиотеките, пред се за промена на ставовите и сензибилизација за потребите на слепите, на слабовидните и на другите корисници со тешкотии во читањето на стандардниот печат, како дел од пошироката категорија на лицата со инвалидност.

Ова беше истакнато на денешниот семинар на тема „Унапредување на библиотечните услуги преку усовршување на кадри од областа на библиотечната дејност за давање услуги на лицата со тешкотии во читањето“. Организатори се Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“  во соработка со Народната биболиотека на Србија, а под покровителство на Министерството за култура.

Сенка Наумовска, в. д. директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје рече дека библиотеката е вистинското место каде треба да се споделуваат искуства и информации и не треба да има ограничување во достапноста на инфорамции.

– Ние треба да бидеме достапни за сите наши корисници, колеги и понатаму да го развиваме тоа чувство на заедништво, рече Наумовска.

Уредникот на програмата за издавачка дејност во НУБ „Св. Климент Охридски“ Чедомир Шопкиќ изјави дека еден вид библиотека за слепите и слабовидни лица има во Националиот сојуз на слепите на Република Македонија. Во рамки на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, пак, постои Центар за слепи и слабовидни лица формиран кон крајот на 2011 година.

– Во својот посед има фонд од 50-тина книги печатени на Брајово писмо и околу 600 наслови на звучни книги. Тенденцијата е корисниците овие книги да ги добиваат по пошта на домашна адреса или да дојдат во библиотека да читаат. Во рамки на Центарот освен книги се печатат и списанија за потребите на Националиот сојуз на слепите на Република Македонија, рече Шопкиќ. Се осврна на дел од проблемите, меѓу кои се брзината со која информациите доаѓаат до корисникот и  капацитетот на еден Центар, кој, како што рече, не може во доволна мера да ги задоволи сите интереси и потреби на оваа популација на територија на целата држава.

Шопкиќ рече дека библиотеките мора да бидат соодветно сместени, достапни за сите и опремени да можат да служат и за потребите на лицата со оштетен вид или слух и за другите лица со тешкотии во читањето. Треба да набавуваат опрема и помагала кои можат да ги користат слепите, слабовидните и другите лица со тешкотии во читањето.

-Треба постојано да се набавуваат или произведуваат достапни материјали и техничка опрема која ќе биде вклучена во сите библиотеки, на пример книги приспособени во формати достапни за нив – звучни книги, книги на Брајово писмо, во дигитална форма итн., бидејќи слепите лица се единствената категорија на корисници на библиотеките на кои поради специфичноста на инвалидноста не им е достапен книжниот фонд и информациите на стандардниот печат, рече Шопкиќ.

Во светот има повеќе од 285 милиони слепи и слабовидни лица и овој број е во пораст. Уште е поголем бројот на лицата со други тешкотии во читањето што не се во состојба ефикасно да го читаат печатениот текст поради физички, перцептивни, развојни, конгитивни или тешкотии при читањето. Во светски рамки дислексија имаат 700 милиони деца и возрасни.

reading-problems-in-middle-school-and-high-school-students-750x325Извор libertas.mk.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.