Рацете ни се превиткуваат – Рабиндранат Тагоре

200px-rabindranath_tagore_in_1909

Рацете ни се превиткуваат,
очите ни се впиваат: така започнува историјата на нашите срца.
Мартовска ноќ е, месечината свети,
ветерот донесува сладок мирис од хена,
мојата свиралка лежи на земјата запоставена,
а твојот цветен венец е недовршен.
Љубовта оваа меѓу мене и тебе е проста како песна.
Твојот превез со боја на шафран ми ги опива очите.
Венецот јасминов што го исплете за мене
ми го исполнува срцето со треперење како благодарам.

Тоа е игра на наддавање и одрекување,
откривање и повторно скривање,
малку осмев и сосема малку срамежливост
и понекогаш помалку слатка бесцелна расправа.

Љубовта оваа меѓу мене и тебе е проста како песна.

Никакви тајни надвор од денешницата,
никакви бори околу неможното,
никакви сенки за љубезноста,
никакви допири во длабините на темнината.

Љубовта оваа меѓу тебе и мене е проста како песна.

Не скитаме ние вон зборовите во вечно молчење,
не ги креваме рацете свои во празнина
кон нештата надвор од надежта.

Задоволни сме од она што го даваме и она што го добиваме.

Не ја исцедивме и последната капка на радост,
за од неа да правиме вино за нашите страдања.

Љубовта оваа меѓу тебе и мене проста е како песна.

Повеќе за авторот тука.

4 comments

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.