Рацете ни се превиткуваат -Рабиндранат Тагоре

200px-rabindranath_tagore_in_1909
Рацете ни се превиткуваат, очите ни се впиваат: така започнува историјата на нашите срца.
Мартовска ноќ е, месечината свети, ветерот донесува сладок мирис од хена, мојата свиралка лежи на земјата запоставена, а твојот цветен венец е недовршен.
Љубовта оваа меѓу мене и тебе е проста како песна.
Твојот превез со боја на шафран ми ги опива очите.
Венецот јасминов што го исплете за мене ми го исполнува срцето со треперење како благодарам.
Тоа е игра на наддавање и одрекување, откривање и повторно скривање, малку осмев и сосема малку срамежливост и понекогаш помалку слатка бесцелна расправа.
Љубовта оваа меѓу мене и тебе е проста како песна.
Никакви тајни надвор од денешницата, никакви бори околу неможното, никакви сенки за љубезноста, никакви допири во длабините на темнината.
Љубовта оваа меѓу тебе и мене е проста како песна.
Не скитаме ние вон зборовите во вечно молчење, не ги креваме рацете свои во празнина кон нештата надвор од надежта.
Задоволни сме од она што го даваме и она што го добиваме.
Не ја исцедивме и последната капка на радост, за од неа да правиме вино за нашите страдања.
Љубовта оваа меѓу тебе и мене проста е како песна.
Повеќе за авторот тука.
Advertisements

4 comments

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.