Инстаграм ќе ги поттикнува тинејџерите да читаат книги

Една третина од денешните тинејџери не читаат книги од задоволство, покажува истражување на Американската асоцијација на психолози.Тоа е речиси тројно повеќе од бројот на тинејџери што не читале во 70-тите години. А, сепак, тинејџерите читаат можеби повеќе од кога било. Залепени за екраните, тие ненаситно консумираат зборови во форма на текст, фотостории, хаштази, известувања и вести поставени на социјалните мрежи.

Ако сакате да ги запознаете тинејџерите со некоја класична литература, еве една идеја: фатете ги на местото каде што се.

Народната библиотека во Њујорк споделува цели книги преку сториња на „Инстаграм“, а изведбата е воодушевувачка. Првата книга, „Алиса во Земјата на чудата“ од Луис Карол, беше споделена летово, а втората, „Жолтиот тапет“ од Шарлот Перкинс Гилмен беше споделена овој месец.  Корисниците на „Инстаграм“ можат да ги читаат класиците во апликациите. Искуството не изгледа толку застрашувачки како кога ќе земете дебела книга – концизноста на страниците ве тера да се прашувате што е следно.

20181026-instagram-stori-kako-alatka-shto-kje-gi-pottikne-tinejdzherite-da-chitaat-knigi-1

Проектот се вика „Инста новелс“ и не е фокусиран само на тинејџерите, туку е совршен и за средношколците. Според една студија, „Инстаграм“ го престигна „Снепчет“ како најкористена апликација на социјална мрежа кај американските тинејџери.

Извор

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.