Продадена – Марија Гојковиќ (рецензија)

dsc_0330.jpg

Животот често знае да изненади. Дали изненадувањето ќе биде позитивно или негативно тоа зависи од многу фактори. Најубавите работи што можат да ни се случат секогаш немаат среќен крај. Секој сонува за поубав живот, за подобро утре, среќен и исполнет живот полн со љубов, разбирање, убави моменти…

Дали животот на Теа ѝ приредил пријатно изненадување баш кога била на прагот пред најубавиот период од нејзиниот живот? Во цутот на најубавите години, со факултет кој скоро треба да го заврши, со момче кое ја запросува и после тоа организира патување во Париз како подарок за веридбата. Патиштата по кои одиме знаат да бидат лизгави, со безброј пречки, кривини, угорнини и удолнини.

Патот кој ќе ја однесе Теа во најмрачниот пекол, предавството на нејзиниот вереник и тоа што ќе биде принудена да ја работи најстарата професија во светот ја турка во една бездна и безизлезна ситуација од која ѝ се чини дека никогаш нема да излезе. Клиентите се множат, таа веќе не го ни памети нивниот број, чувството на гадење спрема нив и спрема себеси е силно нагласено што се манисфестира со повраќање.

Преместувана е на повеќе локации работејќи ја истата работа, нејзината „добро завршена работа“ е предуслов за да биде добро платена, за да ги задоволи барањата на газдите кои работат со трговија на жени кои ги тераат да се проституираат. Се зближува со останатите девојки кои се принудени на истата работа како неа, иако се малтретирани и тепани како животни, кај некои од нив желбата за живот е посилна од сето тоа што го доживуваат.

Главниот протагонист во „Продадена“ е излажана од својот вереник и продадена во Франција кај луѓе кои ги гледа првпат во животот. Затворени во стан со уште десет девојки посведочува на убиство на една од девојките која потоа ја врзуваат и ја ставаат во црна вреќа. После тоа ќе биде уште два пати пренесена на други локации и никогаш повеќе нема да види ниту една од девојките кои ги запознава. Бара милост од Господ, се моли секоја вечер стискајќи го подарокот што ѝ го дала сестра ѝ Уна на денот на веридбата прашувајќи се дали нејзините родители уште ја паметат, дали тагуваат по неа, дали им недостига, дали ја спомнуваат.

Покрај тешкотиите пред кои е исправена таа не се предава лесно, се бори со судбината, се натпреварува со сопстсвената издржливост, ги поместува границите на сопствената желба за живот и претставува симбол за храброст, јачина и издржливост. Накратко, главната јунакиња има сила и волја јаки како карпа, останува доследна на своите принципи и покрај тоа што е понижувана, малтретирана, силувања и прунудена да прави работи од кои ѝ се гади.

Пред самиот крај, кога мисли дека го допрела дното и дека нема да се спаси никогаш и дека ќе умре, сонува сон кој го претставува пресвртот во романот. Благодарение на сонот таа се полни со нова доза на надеж, одеднаш ѝ се враќа насмевката и си ја замислува својата светла иднина баш како што ја виде на сонот. Кога ѝ кажуваат да се подготови дека ќе ја носат на друго место, влегува во кола само со еден возач и на патот кон местото каде што треба да стигнат се случува нешто што ќе го промени целосниот тек на настаните.

Дали Теа конечно ќе успее да се спаси и ќе продолжи да живее притоа заборавајќи на своето болно минато? Дали ќе може повторно да сака и да биде среќна?  Кога во болница ѝ кажуваат дека е бремена таа не го сака нејзиното бебе затоа што неа знае чиво е, но не може да го абортира затоа што е во одмината фаза од бременоста… Дали ќе се роди тоа дете кое не е плод на љубов туку плод на дивјачко и агресивно задоволување на потребата на груб клиент кој плаќа за да се задоволи?

Чудните патишта и околности раѓаат обврски кои мораме да ги исполниме. Некогаш успеваме и победуваме, некогаш сме губитници. Нашата реакција кон тоа што ни се случува е најважна. Дали ќе ги прифатиме победите и поразите подеднакво смирени и подготовени за нови предивизци зависи само од нас и од нашите избори.

DSC_0331

Advertisements

2 comments

  1. Ја барам да ја читам, ако не е многу скапа ке си ја почестам душичката да си ја купам. Малку за темата…ако има срекен крај, среќниот крај е само во романите и приказните…за жал во вистинскиот живот, крајот е многу трагичен. Рецензијата е повеке од прекрасна.

    Liked by 1 person

Напиши одговор на hulahopka Откажи одговор

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.