Ако не си ти – Петре М. Андреевски

Доближи се слико на светот од едниот
до другиот крај
и по бојата на твојот фустан ќе погодам
како ќе изгледа времето.
Инаку во чија глава би ме темнело
и во чија соба би ме разденувало,
ако не си ти.

Зборот мој го внесува поголемиот простор
во помалиот
и јас постојам само онаму кај што и ти постоиш.
Оти никогаш досега не сум поминал
онаму кај што ти не си била.
Затоа не знам кого би го мразел и кого би го сакал,
ако не си ти.

Навечер ја вадам мојата куќа од твојата куќа
и светлото на инсектот од незнајните гласови
што ги ‘рѓосуваат машините во пчелите.
И пак не знам кава ракија би пиел
и кој со мојот сон би спиел,
ако не си ти.

Што не може да каже земјата му го порачува на растението,
додека јас со туѓо лице те пронаоѓам,
а со твоето те губам.
И додека насекаде се распрашувам
на кој крај од светот
би се разминувале денот и ноќта,
ако не си ти.

Доближи се како цветот што има корен на небото
и по бојата на твојата уста ќе погодам
во кој овошен плод ќе заврши летото.
Инаку кој дури зборува ќе го отвара кафезот
за да ја пушти птицата што го збогатува воздхот,
ако не си ти.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.