Дениција и темјанушките

65750634-little-girl-with-a-large-book-green-book-the-girl-in-the-chair-a-girl-with-two-braids-wearing-a-whit

Малото девојче со двете плетенки облечено во бело фустанче конечно порасна. Сега веќе беше голема девојка спремна да облече бел фустан и да застане пред олтар. Но, не можеше сама да застане пред него. Мораше да има некој до неа што ќе ја држи за рака и ќе ѝ биде доживотен партнер. Во моментов немаше таков кандидат, таа беше сама и патем уживаше во самотијата.

„Зарем не се измори од трагањето по вечна љубов истовремено одбивајќи да се зближиш со некого?“, ѝ велеше внатрешниот глас. Сите кои досега се обидуваа да допрат до нејзе на некој начин ги одбиваше. „Ледената девојка“ ја нарекуваа и после повеќекратни обиди да ја освојат момците се откажуваа и се прашуваа што не е во ред со нив. Всушност ним ништо не им фалеше, таа беше пребирлива. „Пребирајќи накрај можеби ќе останеш засекогаш сама“, повторно се бунтуваше нејзиниот внатрешен глас иако таа воопшто не се плашеше да биде сама. Не се појавил тој што ќе ѝ го зароби срцето, едноставно беше убедена во тоа. Плус тоа, ѝ се радуваше на нејзината слобода, на можноста да патува низ светот и да запознава различни култури, да учи нови јазици и да среќава илјадници лица кои можеби никогаш повеќе немаше да ги види.

Љубовта како главна тема на нејзините врснички нејзе не ја оптоваруваше. Таа му се радуваше на секој миг исполнет со ситни детали. Уживаше да поминува време во природа, да бере цвеќиња и да ѝ ги поклонува на својата баба, зошто мајка ѝ ја беше оставила уште како дете. Кога имаше само пет години едно утро се разбуди и сфати дека мајка ѝ ги напуштила нејзе и татко ѝ. После тоа татко ѝ се прежени и замина од дома, па таа остана да живее сама со нејзината баба која ѝ беше цело семејство. Оттогаш никогаш повеќе не го виде ликот на татко ѝ, а на мајчиниот лик многу малку се сеќаваше, беше избледен некаде заедно со спомените од раното детство…

Кога ќе се вратеше од патување Дениција ѝ носеше поклон на својата баба што го купуваше за симболична цена наоѓајќи начин секогаш да ја израдува. Двете седеа до доцна во ноќта разговарајќи за најразлични работи. Бабата опишуваше детали од нејзиниот живот делејќи ѝ совети за важни животни прашања, а Дениција ѝ раскажуваше за луѓето што ги запознала и за местата што ги посетила.

Местото на мајката и на таткото никој не можеше да го замени, но таа не можеше да побегне од фактот дека бабата ѝ беше и мајка и татко и воедно нејзина најголема поддршка. Беше бескрајно благодарна што израсна со неа. Таа ја научи дека никогаш не смее да тагува поради љубов и дека ако тагува од љубов тоа воопшто не е љубов. Девојката успешно ги заврши студиите и се вработи и секој одмор го користеше за прошетки надвор од државата.

Денот кога се врати од последното патување сфати дека заборавила да ѝ купи поклон на баба ѝ. Излезе надвор за да прошета и воедно да смисли што би ѝ купила кога одеднаш се сети дека баба ѝ е голем љубител на цвеќиња. Таа многу малку се разбираше во нив, но сепак одлучи.

violets-4898885684428800

Продолжи да пешачи. Погледот на Дениција застана на белата пеперуга која безгрижно летајќи во ливадата се движеше со неопислива  грациозност. Дениција како првпат да гледа пеперуга остана занемена од нејзината убавина. Не знаеше колку време ја посматра така потполно заборавајќи на букетот од цвеќиња што требаше да ги собере. Темјанушките во различни бои ѝ стоеја на располагање. Тогаш се сети на една случка од вечерта пред мајка ѝ да ги напушти засекогаш. Ја полазија морници кога сфати дека споменот е поврзан со цвеќиња и зошто дотогаш не се беше сетила на тоа.

Всушност, вечерта пред да си легне Дениција ја праша мајка ѝ зошто букетот со цвеќиња се става во водата. Како петгодишно љубопитно девојче како и сите други на нејзина возраст знаеше да поставува најразлични прашања.

„За да не ја игзубат својата свежина“, ѝ рече мајка ѝ со тажен глас.
Букетот со цвеќиња стоеше долго време после заминувањето на мајка ѝ.

Дениција почна да кине од темјанушките со солзи во очите и грутка во грлото. Скина во секакви бои и формираше прекрасен колоритен букет.

Кога се врати дома го стави цвеќето во вазната и чекаше баба ѝ да се врати за да ја изненади. Во меѓувреме ѝ прелета мислата: „И најубавите цвеќиња колку и да ги чуваш во вода, еден ден ќе овенат“. Баш како и цвеќињата што мајка ѝ ги стави во водата дента пред да си замине.

c144a7e3d4c4128211b6896c0fa42a15

Advertisements

4 comments

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.