Остави го насловот, прочитај го текстот до крај

 

Дали живееме во Матрикс? Одговор на водечките стручњаци би можел да ве загрижи!

НЕ КОРИСТЕЛА ШАМПОН 18 МЕСЕЦИ: Кога ќе видите ШТО ѝ се случило со косата, ДОБРО ЌЕ РАЗМИСЛИТЕ.

5 начини да научите и запаметите апсолутно сè

Дали е ова најдобриот куфер на светот?

Таблоидните онлајн медиуми со помош на вакви наслови собираат повеќе кликнувања и споделувања, и стекнуваат популарност. Колку и да нè иритираат, покрај свесноста да одбиеме да откриеме што се крие позади шокатните најави, барем еднаш во денот завршуваме на страници кои воопшто не ја хранат нашата љубопитност.

Поентата на такви наслови не е да ги сумираат идеите во текстот. Насловот е тука да нè заведе, да го привлече нашето внимание, да ја заголицка фантазијата и да нè наведе да кликнеме и да продолжиме со читање на текстот. Иако тоа на рационално ниво го знаеме, не остануваме рамнодушни и понатаму ќе кликнуваме. Зошто? Истражувавме за вас, ќе погледнеме некои од типичните стилови тнр. clickbait наслови.

Наслов како прашање

Текстовите кои ветуваат дека ќе ве научат како да дојдете до совршен наслов, најчесто советуваат – во насловот поставете прашање. На тој начин поттикнувате заинтересираност и внимание, посебно кога проверуваме дали нашиот личен одговор се поклопува со содржината на текстот. Истражувањата на професорите од бизнис школото од Норвешка се одвивале низ два експерименти за да се провери дали насловот како прашање навистина ја зголемува читаноста на текстот. Одговорот е очекувано позитивен, а најефикасни се оние прашања кои им се обраќаат на читателите.

1385334_371653846302488_533834683_n

Тоа ја потврдува и студијата направена во Норвешка, на сајтот кој е пандан на американскиот Ebay. Истражувачите пуштиле неколку типови на огласи за Iphone, кауч, телевизор и машина за перење алишта. Како пример ќе наведеме Iphone оглас. „На продажба црн Iphone 4, 16GB“, „Дали некому треба Iphone 4?“ и „Дали е ова вашиот нов Iphone 4?“. Дупло повеќе кликови однесле огласите со прашање, а дури три пати повеќе кликови прашањата кои им се обраќаме на читателите. Суштината е дека овој тип на наслови делува лично, читателот лесно се поистоветува со пораката, а наводно и влијае на промена на однесувањето.

Сепак, насловите во облик на прашање послабо се помнат во однос на оние кои се во вид на исказни реченици (ако воопшто помнењето на наслови некому му е од значење).

НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ!

За популарноста на вакви наслови се обвинува сајтот Upworthy, кој го искористил психолошкиот феномен познат како „дупка“ во знаењето/информацијата. Професорот George Loewenstein од Carnegie Mellon универзитетот, терминот „дупка во информациите“ ја опишал разликата помеѓу она што го знаеме и она што би сакале да го знаеме. Ако имаме барем малку почетно знаење ќе посакаме да знаеме повеќе, не сме заинтересирани за нешто за кое не знаеме ама баш ништо.

Стилот на емоционално манипулативните наслови кој се состои од две реченици, толку се повторува во медиумите што стана иритирачки и предвидлив (пример: НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ: Постојат песни кои Марија Шерифович НЕ МОЖЕ да ги испее!). Меѓутоа, истражувањата го објаснуваат нивниот успех. Првиот дел е тука да предизвика изненадување, да претстави нешто неочекувано што се коси со дотогашното знаење, а вториот дел дополнително го задржува интересирањето. Вниманието е загарантирано додека нè копка што се крие во самиот текст.

7 РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ

Насловот започнете го со поголем број и проверено дека ќе добиете голем број споделувања. Овој тип на наслови нашиот мрзлив ум го обожава – најмногу сака што лесно и со многу малку труд и мака може да дојде до информации. Броевите привлекуваат внимание и ветуваат организирани информации од јасни (кратки), временски ограничени (7 богати познати личности кои живееле во екстремна сиромаштија). Пак, како што е и случајот со прашањата, ваквите наслови и текстови послабо се помнат, што оди во прилог на старомодните, занимливи, а точни наслови.

Насловот влијае на разбирањето на текстот

Секој кој објавил текст онлајн се сретнал со негативен коментар кој всушност е реакција на насловот, а не и на содржината (од таму и оној типичен одговор – Ве молам, прочитајте го текстот до крај). Фактот дека 8 од 10 луѓе ќе го прочитаат само насловот, но проблемот е што додека се обидуваме да бидеме поинакви, возбудливи и нема-да-верувате-колку-неверојатни, со насловот ги збунуваме читателите и ги наведуваме на погрешни заклучоци. Дури и ако го прочитаат текстот до крај, ќе се држат до иницијалната реакција, а еве и зошто.

Со помош на насловот проценуваме што да очекуваме од текстот, но поголемиот број не зачувува повеќе информации отколку што се дадени во насловот. Исто така, насловот му дава тон на текстот и влијае на тоа како ќе го читаме текстот, но и што помниме. Улрик Екер, психолог и професор на универзитетот во Австралија, на студентите им претставил 4 кратки статии за генетски модификувана храна.

Статиите ги сочинувале неколку ставови за генетски модификуваната храна, но и цитате на влијателни научници како што е: „Нема логична причина за било каква здравствена грижа“. Една група студенти добила верзија со наслов „ГМ храна може да претставува долгорочен здравствен ризик“, додека верзијата од другата група е претставена со насловот: „ГМ храна е безопасна“. Секако, првата група на студенти запомнила многу повеќе информации поврзани со потенцијалните здравствени ризици во однос на другата.

Читателите и понатаму очекуваат насловот прецизно и точно да ја сумира суштината на текстот. Извлекувањето на зборовите од контекст за да се зголеми читаноста влијае на погрешното разбирање на текстот, што останува во помнењето и тешко се поправа.

Прашањето е, колко ги почитуваме читателите и дали е секогаш вредно да се жртвуваат фактите поради кликнувања и споделувањe? Што е суштината – читаност или информирање?

Извор

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.