Измислени се, но ги сакам: Опсесија со фиктивни јунаци

„Само што запознав прекрасен маж. Фиктивен е, но не може да се има сè во животот“ – изговор на Сесилија, главен лик во филмот на Вуди Ален “The Purple Rose of Cairo”. Нејзиниот живот е несреќен. Бегство од тагата и беспомошноста пронаоѓа во локалното кино. Еден ден, омилениот глумец на Сесилија од нејзиниот омилен филм слегува од филмското платно и се заљубува во неа. Постои само еден проблем – тој е измислен филмски јунак и не му припаѓа на реалниот свет.

Низ оваа приказна, Вуди Ален си поиграл со значењето на уметноста и фантазијата што го имаат за човечкиот живот, но и за парасоцијалните односи кои ги градиме со познатите личности. Опседнатоста со фиктивните јунаци секако не е нов феномен, но денес маратонското гледање на серии и филмови е достапно повеќе него некогаш .

Што претставуваат за нас фиктивните приказни и зошто толку емотивно го доживуваме нивниот емотивен завршеток или смрт на јунакот за кој навиваме? Судејќи според истражувањата, времето кое го поминуваме пред екранот не е губење ниту убивање на времето, туку овие искуства мождат да бидат длабоко лични, социјални, а можат и да играат и важна улога во секојдневното прилагодување.

Фикцијата го имитира животот и ни помага подобро да го разбереме. Читајќи книги или гледајќи филмови, се соочуваме со различни погледи на животните ситуации и случувања, стекнуваме когнитивни гледишта го поврзуваме конкретното со апстракното и учиме различни начини со кои може да им се пристапи на реалните проблеми. Пример, од патетичните холивудски драми може да се извлечат значајни пораки дури и кога тагата е здрава емоција која може да нè направи подобри. Човекот што чита проживува многу животи кои кај него предизвикуваат длабоки промени – ставови, однесувања, мисли за себе и другите. Истражувањата покажуваат дека ги преземаме цртите на личностите и однесувањата на луѓето на кои им се восхитуваме, биле тие вистински или не.

Сценариото може да биде измислено, но мислите и емоциите кои ги чувствуваме се реални. Делиме тага со главниот јунак, се радуваме на неговите успеси. Толку се вклучуваме во приказната што го замислуваме како реална личност и претпоставуваме како би се однесувал и чувствувал надвор од книгата или филмот. Социјалните психолози од универзитетот Охајо, Melani Grin и  Timoti Bro, феноменот на апсорбирање на приказната и влегувањето во наративниот свет – до таа мера да тие влијаат на нашите ставови и однесувања во реалниот живот, го нарекуваат „наративна транспортација“. Инспирирани се од работата на психологот Richard Gerig од универзитетот Stenfor кој се обидел да опише што всушност им се случува на читателите во средба со наративот:

„Некој („патник“, тнр.читател) со некое средство е транспортиран, како резултат на изведување на одредена акција. Тој поминува одредено растојание од светот од кој доаѓа, што одредени аспекти од тој свет ги прави непристапни. Патникот се враќа во светот од кој потекнува, а патувањето го променило“.

Фиктивните наративи можат да ги исполнат и нашите социјални потреби и потреби за припаѓање. Едно истражување покажало дека гледањето на телевизиска емисија ги прави гледачите помалку осамени. Дури и размислувањето за омилената серија може да ги намали негативните чувства, ниската самодоверба или чувството на одбиеност како последица на негативни секојдневни искуства. Со самото тоа, односите кои ги градиме со фиктивните ликови се социјални, поточно прецизен термин  би бил парасоцијални, еднострани.

Според теоријата на употреба и гратификација одбираме да гледаме/читаме одредени содржини како би исполниле одредени потреби. Приказната може да побудува настани од личното минато поради што свесно или несвесно се идентификуваме со ликовите и емпатизираме со нивната судбина. Се случува, на пример, да плачеме за нешто што се случило во филмот (што ги објаснува интернет топ листите на филмови кои треба да ги гледате доколку патите поради прекин на врската). Фиктивниот свет е сигурен простор во кој себеси можеме да си дозволиме да почувствуваме посилни емоции отколку во реалниот свет кој е преполн со друштвени „правила“ за тоа кои емоции и реакции подобро би одговарале. Низ туѓото искуство сме во состојба да ги ослободиме неразрешените емоции и конфликти, што значи дека „таа“ книга всушност не нè пронашла нас во вистинско време, туку ние потсвесно сме ја пронашле кога таа ни била нам потребна.

Личното значење на содржината на приказната зависи од тоа до која мера се идентификуваме со ликовите, поточно дали забележуваме сличност со самите нас или луѓето кои не опкружуваат. Полесно ќе се поистоветиме со јунакот кој доживува малтретирање од страна на своите врсници, доколку тоа и нас ни се случило. Со парасоцијалните врски со главните јунаци можеме да го смалиме расчекорот помеѓу нашиот реален и идеален селф, затоа што кога ги гледаме како патокази и водичи кон правилни однесувања, емоции, цели и ставови едноставно кажано, спонтано преземаме и делови од нивните идентитети.

Во светот на фикциите дозволено е и безбедно експериментирање. Смееме да признаеме дека нè фасцинираат ликовите на Hannibal Lecter, Darth Vader или Joker, иако во реалноста не би сакале да имаме ништо со таков тип на луѓе. Парасоцијалните односи со опасните филмски фигури не претставуваат закана за нас.

На крајот, разбирањето на односите со фиктивните ликови и наративи не се разликува многу од односите со вистинските луѓе, како и од реалните искуства кои ги стекнуваме во текот на животот. Филмот и книгата можат да ни помогнат да ги преиспитаме своите ставови, однесувања и верувања, да развиеме емпатија, да пораснеме и созрееме и да му дадеме дополнителна смисла на нашиот живот.

Извор

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.