За простување се потребни сеќавање и храброст: Резилиентност во стаклен дворец

Италијанскиот психолог Juliana Maconi наведува дека сите сакаме другите да нè разбираат и ценат поради „тоа што сме“ – но, како да знаеме што сме? Ние сме, вели таа, продукт на своите животни искуства до кои доаѓаме преку спомените од минатото. Спомените го сочинуваат нашиот идентитет.

Филмот „The glass castle“, настанал според автобиографијата на Жанет Волс. Жанет израснала во необично опкружување, во семејство што е ноќен кошмар за секој социјален работник – често се преселувале, не ги школувале децата, не ги носеле во болница, а сепак не оставале ниту државата да се грижи за нив, накратко тие се невидливи за системот иако во секоја можна смисла ги занемаруваат потребите на своите деца. Жанет и нејзините сестри и брат често се гладни, таткото е често пијан, присуствуваат на насилствто помеѓу родителите, тие се принудени да се гржат едни за други. Накратко, кога би направиле проценка на ризик за ова семејство би заклучиле дека под итно морате да ги извадите децата од него, а потоа децата би се преселиле во друго место или држава без никаква трага.

Покрај нејзиниото ужасно растење, Жанет успева да заврши со школување, се вработува, го напушта семејството и финансиски се обезбедува, потоа наоѓа пристоен човек со кој ќе се вери. Возрасна е, зрела и успеала да се дистанцира од своите негржливи родители. Би можеле да кажеме дека се работи за резилиентна особа.

Според АПА (Американската психолошка асоцијација), резилиентноста може да се дефинира како процес на добра адаптација во среќавањето со траума, трагедија или воопшто високо ниво на стрес кои предизвикуваат озбилни здравствени, работни или брачни проблеми. Студиите покажуваат дека значајни предиктори се односите внатре и надвор од семејството. Во семејството Волс тие односи се помеѓу браќата и сестрите кои се трудат да обезбедат поддршка едни на други, а понекогаш дури и грижа која не им била дадена од родителите.

Уште еден фактор е капацитетот да се прават реалистични планови и чекор по чекор да се остваруваат. Плановите на блиските на Волс биле заминување од домот, во што сите успеваат. Меѓутоа, откако еднаш ќе заминат од дома, се поставува прашањето за идентитет и односот спрема тоа што го оставиле зад себе. Што се случува со наративите и сеќавањето на децата кои ги надвладееле своите тешки искуства и почнале да градат нов живот и нов идентитет, кој не го подразбира идентитетот на жртва? Во многу филмови и книги среќниот крај е оставањето на злоставувачот, прекин на односот со злоставувачот или напуштање на местото на кое сме биле несреќни и создавање на шанси за нов почеток. Се подразбира дека лошиот дел од искстувото ќе биде „отсечен“ и дека ќе се случуваат само убави работи.

Иако темата е собирањето на храброст за да се прекине врската во која се трпи насилствто, е многу важна, всушност понекогаш, работите често не се така едноставни. Eмоционалното „исклучување“, кое може да претставува само моментален вид на изолација за младата линост да го изгради својот идентитет. Наспроти тоа, некои наоди од истражувања покажуваат дека избегнувањето на механизмот на копирање, всушност ја зголемува ранливоста и посттрауматските реакции кај луѓето кои биле изложени на негативни искуства. До поволни исходи доведуваат прифаќачката ориентација спрека искуството, што поттикнува на резилиентност.

Емоционалното исклучување, како и употребата на дисоцијација како механизам на одбрана, исто така не се од помош. Жанет очигледно непосредно после заминувањето од дома ги користи сите механизми и тие ѝ се од корист. Како резултат на тоа, живее живот дијаметрално спротивен на животот на нејзините родилите: во средена куќа, со маж кој го негира нејзиното минато додека таа се преправа дека не ги познава татко ѝ и мајка ѝ кога ќе ги сретне.

Пресврт доживува кога на деловна вечера на непознати луѓе ќе им раскаже приказна од нејзиниот живот, со што става точка и на неискрениот однос спрема сопругот, но и према себеси. Во реалниот живот, Жанет Волс живее со својата мајка која сама ја оставила да готви виршли на возраст од четири години („Зарем сакаш да потрошам еден час за тебе да ти подготвам храна што ќе ја изедеш одма наместо да создадам слика која ќе трае вечно?“), поради што се стекнала со тешки изгореници кои ѝ оставиле белег за целиот живот.

Амбиваленцијата спрема родителите – злоставувачи е, очигледно, трансгенерациски пренесувано во семејството Волс затоа што низ филмот се провлекува сомнеж дека таткото на Жанета бил жртва на злоставување од неговата мајка.

Амбивалентноста се покажува како корисен концепт во објаснувањето на комплексните врски помеѓу родителите и децата, а колку и да биде неизбежна толку и е во извесна смисла разрешувачка. Во Психологијата на добрината, Salman Akhtar посветува едно поглавје на простувањето наведујваќи и самиот дека психоанализата (а и психологијата воопшто) нема многу што да каже за простувањето, а потоа наведува и три фактори кои делуваат значајно во напредувањето од позиција на трауматизирана жртва до простувањето: одмазда, обештетување и повторено разгледување.

Одмаздата, според Akhtar, ја става жртвата во активна позиција која претходно била пасивна; овој чин било да е во фантазијата или во реалноста, претставува темел за сочувствување со непријателот. Одмаздата на Жанет кон таткото и мајката е всушност нејзиното бегство од дома, прекинување на односите и прифаќањето на вредностите кои ним им биле целосно непознати. Обештетувањето, од друга страна претставува признавање на сторителот дека ја повредил жртвата со што се потрдува реалноста на перцепцијата дека жртвата била повредена.

Жанет добива обештетување додека татко ѝ лежи во агонија, со неговото признание дека никогаш не изградил сткален дворец, што доведува до можноста неговите трауми кои навистина се страшни, може да ги доживее и ги гледа од различни агли сè додека не е во состојба да им прости на родителите.

Последната сцена од филмот ја претставува вечерата на која Жажнет и нејзините блиски со љубов се сеќаваат на неодамна починатиот татко и на поинаков начин ги раскажуваат спомените со него пронајдувајќи единствени исходи по кои нивниот живот со таткото всушност бил голема и возбудлива авантура. На почетокот на својот приказ, The lost mariner, Oliver Sacks, го цитира Luis Buñuel:

„Мора да почнете да го губите сеќавањето, барем во делови или парченца, за да разберете дека спомените се тие што ги прават нашите животи. Животот без спомени воопшто не е живот: нашето сеќавање ја сочинува нашата кохерентност, нашиот ум, чувства, дури и однесување. Без спомените сме ништо“.

The glass castle како да се заснова на претпоставката дека резилиентноста не е можна без простување, дека на крајот на краиштата ни целокупноста на личноста не е возможна без простување, а за простување потребно е сеќавање на тоа што ни се случило и храброст да се надмине траумата.

Reference:

Thompson, R.W. et al. (2011). Conceptualizing mindfulness and acceptance as components of psychological resilience to traumaTrauma, violance, abuse, 12 (4). 

Извор

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.