Пламен сјај – Трејси Шевалие

Тигре, тигре, сјаеш како плам
Сред ноќните гори сам!
Кој ли вечен, чие дело
Го создаде твојот склад?

Лондон, 1792 година. Семејството Келавеј се сели од мирното дорсетско село во метежот на пренатрупаниот немилосрден град. Доаѓаат прогонети од ужасната загуба, сотрени од ударот што само сосем новиот живот може да го ублажи. Среде градот напнат поради сè покрвавата Француска револуција, се создава необична врска помеѓу Џем, најмладиот син на Келавејови, и искусната лондончанка Меги Батерфилд. Нивното пријателство добива драматичен тек кога ќе се заплеткаат во животот на својот сосед, печатар, поет и револуционер Вилијам Блејк. Тој ги води Џек и Меги низ непредвидливот бурен премин од невиноста до искуството. Нивното патување ќе го инспирира Блејк да го создаде своето најволшебно дело.

Оригинално издадена во 2007 година „Пламен сјај“ од авторката која исто така ја напиша „Девојката со бисерна обетка“ – приказна инспирарана од животот и делата на уметникот Вермер и приказната за „Дамата и еднорогот“.

Историскиот роман го претставува времето кога живеел и творел поетот и револуционер Вилијам Блејк кога го создал неговото најзначајно дело за преминот од невиноста до искуството, на крајот од 18 век.

После трагичната загуба на нивниот син, семејството Келавејови одлучува да го напушти местото на живеење и да си ја проба среќата во Лондон.
Изработувачот на дрвени столови запознавајќи го Астли се вработува во неговиот циркус и заедно со Џем – неговиот син, изработуваат сценографии за циркуските претстави, а тој им дава бесплатни карти за да бидат дел од публиката.

Мрачните лондонски улици многу се разликуваат од улиците на Дорсет. Неискусниот и наивен Џем заедно со неговата сестра Мејси се впуштаат во истрага на местото кое сега е веќе нивен нов дом. Запознавањето со Меги носи нов пресврт во нивните животи, а на Џем коплетно му го менува животниот пат.
Две спротивставени страни, разлика помеѓу понизок и повисок општествен слој и нивната сличност опишана со вештите „моќи“ на авторката која ни ги доловува и емотивните состојби на ликовите.

Нивните соседи Блејкови ќе им ги отворат вратите, каде Вилијам Блејк ќе ги запознае со неговите дела, и ќе им ја пренесе моќта на пишаните зборови кога настанува неговото значајно дело. Тој им чита делови од Премин од невиноста во искуството, а зборовите од песната им остануваат засекогаш врежани во меморијата.

Овој револуционерен историски роман претставува своевидно патување кое на читателот му овозможува да ги доживее сцените опишани прецизно, но на кои им фали малку поголема загадочност наместо предвидливоста. Сепак, како расплет кој не може лесно да се предвиди се јавува двојната бременост и повторното враќање во родното место.

Оценка: 4/5

Топла препорака за сите кои сакаат да читаат историски роман распослан на 394 страни.

Capture

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.