Додека Зборот прозрнува
додека се враќаме од проклетството
и станици заробени
во таинствена вечност
ние само се сеќаваме
на трепетните слова
на тие килибарни ѕвезди…
Се будиме
покрај учителот од Назарет
кој ни ги покажува
молитвите и соновите
чистилиштата и распетијата
пустините и прибежиштата
Вечно бараме клучеви
за тајни двери и ковчези
А покрај нас
низ сончеви и пеколни станици
низ вонвременски мигови
животот невидливо поминува.