Ана Каренина – Лав Н. Толстој (рецензија)

images

Ќе почнеме со најпознатиот цитат од романот што носи силна порака и ја претскажува главната тематика во книгата:

„Сите среќни семејства си прилегаат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин”.

„Ана Каренина“ – руски класик од 19 век во кој се обработени голем број на прашања од општествениот живот на човекот, прашања за љубовта, среќата, бракот, религијата…

Главната јунакиња или хероина за чиј живот Толстој неуморно пишувал вметнувајќи ги и приказните од останатите ликови кои се испреплетуваат со нејзиниот живот е една несреќна жена која е заглавена во несреќен брак. Мажена е за висок француски функционер Алексеј Каренин кој го изневерува со грофот Вронски во кој бара љубов, среќа и му се фрла во прегратка сакајќи да избега од несреќните чувства предизвикани од незадоволителниот брак со Каренин.

Каренин дознава за неверството на неговата сопруга, ѝ става до знаење дека нема да се откаже од неа, а развод нема да ѝ даде по никоја цена и не дозволува синот да остане со неа. Ана Каренина го погазува своето достоинство, покрај јавните осуди и мислењата на другите луѓе од руските општествени кругови за нејзината постапка сепак заминува со Вронски оставајќи го својот син со татко му.

На Вронски му раѓа ќерка, но таа исто како да не е негова затоа што го носи презимето Каренина. Толстој детално ги опишува нејзините внатрешни мисли и ставови кои таа ги има по ова прашање незаземајќи страна по ниедно прашање. Мислејќи дека конечно ќе ужива во среќата и во љубовниот однос со Вронски, Каренина е во постојан притисок и е ставена во многу тешка положба, како што пишува Толстој. И покрај тоа, таа е храбра и одлучувачка жена што ќе си дозволи да се појави во операта и нема да ѝ биде проблем да посетува туѓи земји заедно со нејзиниот љубовник. Одлучува дека не сака да има повеќе деца, додека Вронски го сака спротивното, но не може да ѝ се спротистави.

Дали Каренина ќе остане толку храбра како на почетокот на нејзината одлука дека ќе му стави крај на несреќниот живот?

Друг аспект на несреќен живот е опишан во љубовниот однос на Доли и Степан Аркадјич кои се во брак, имаат неколку деца, а Степан одлучува да изврши неверство измачувајќи ја неговата жена со напади на љубомора, гнев, лутина насочени кон него и го доведува нивниот брак до степен на распаѓање. Доли наоѓа начин да премине преку неверството и останува со сопругот жртвувајќи ја својата среќа поради децата, но и срамот од осудите на другите луѓе и нејзините родители.

Нејзината сестра Кити, се мажи за Левин, а пред тоа имаше понуда за брак од љубовникот на Каренина, Вронски кој првпат Каренина ја среќава на железничка станица.

Опишан е животот во Русија од периодот кога е пишувана книгата, кои биле тогашни превозни средства и како комуницирале преку писма и телеграми.

Ана Каренина навидум среќна жена, со блескаво лице и убава става во текот на живеењето со Вронски почнува да се измачува со непотребни мисли, се сомнева во неговата љубов кон нејзе и тоа му го признава. После последната жестока расправија таа му пишува писмо, му испраќа и телеграма и заминува со воз лично да се сретне со него. Додека патува нејзината душевна состојба е лоша, во еден момент не може да се присети каде тргнала и кога ќе слезе од вагонот ѝ доаѓа мисла што е пресудна за нејзината одлука. Трагично завршува нејзиниот живот фрлајќи се под возот, а нејзината намера била да му остави на Вронски огромна причина за каење, жалење и тагување по неа. Во еден момент се премислува и сака да ја поправи постапката, но веќе е касно и нема назад, нејзината свеќа згаснува засекогаш.

Толстој мајсторски ги опишува ликовите, настаните и времето спојувајќи ги во една совршена низа на зборови што се напишани на 800 и нешто страници.

Стилскиот тон на авторот е оригинален и едноставен овозможувајќи му на читателот да се доближи до душевната состојба на ликовите, да ја разбере нивната положба во најсовршена смисла, оставајќи простор читателот сам да донесе одлука дали се праведни нивните постапки или не.

Прецизност и опширност се двата збора кои најдобро го опишуват стилот на нараторот што се обидува да раскаже до детали притоа некористејќи сложени стилски форми туку обичен разговорен – детално опширен јазик.

 

Уште еден цитат: ”За него сите девојки од светот се делат на два типа: во едниот спаѓаат сите девојки на светот, освен таа и сите тие девојки, ги имаат човековите слабости и се обични девојки; другиот тип на девојки – е само таа, без никаква слабост и над сѐ што е човечко.”

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.